Изложба на фотографии “Помеѓу“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии “Помеѓу“ на авторот Гунтис Швинтинш од Латвија.
Донација за децата во интернатот во Драгоманце Волонтери на Црвен Крст по симболична цена од 30 денари продаваат честитки, а собраните средства ќе бидат донирани за децата во интернатот во с.Драгоманце.
Прогласени најуспешните полицаец и пожарникар Стојанче Спасовски е најуспешен полицаец, а Видан Трајковски е најдобар пожарникар во 2013 година во Општината Куманово.
Женските невладини на дебата за родова еднаквост Претставници на женски невладини организации од градот утре во Скопје ќе учествуваат на дебата на тема “Како до ресурси за родова еднаквост“.
СДСМ обезбеди новогодишна помош за три семејства Три семејства од Куманово денеска добија хуманитарна помош од членовите на општинската организација на СДСМ.
Вработен во АРМ давал лажни потврди за кредит Скопјанец вработен во Генерал штаб на АРМ на двајца кумановци им дал лажни потврди за да добијат кредит во банка.
Доцнат субвенциите за земјоделците Дел од земјоделците на денешната средба со пратеничката Ленче Николовска се пожалија дека не им се исплатени субвенциите за 2013 година, а останале и без дел од сретствата за 2012 година.
Стечајците протестираа пред Регионален синдикат Стечајните работници денеска протестираа пред Регионалниот синдикат во Куманово, барајќи подршка за решaвање на нивниот статус.
Отворени денови со Управа за водење на матични книги Во јануари следната година во просториите на Управа за водење на матични книги ќе се организираат отворени денови.
Вооружен грабеж во продавница на Елида Непознато маскирано лице, вооружено со ловџиска пушка и пиштол ја ограбило продавницата на Елида во населбата Карпош.
Нов директор во земјоделското училиште Весна Трајковска, професор по земјоделска група предмети, мината недела е назначена за директор во СОУ “Киро Бурназ“.
Кампања против употреба на петарди Отсекот за превенција при СВР Куманово и основните и средни училишта во градот спроведуваат кампања за едукација и заштита на учениците од употреба на пиротехички средства за престојните празници.
Пругата Куманово-Бељаковце ќе почне да се гради во март Во март 2014 година ќе почнат градежните работи за реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар, прва од планираните три за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.
Кумановци повеќе китат вештачки елки И оваа сезона граѓаните најмногу купуваат вештачки елки за украсување на домовите пред празниците, иако признаваат дека природните се поубави и траат подолго.
Паднале на лед до фонтана Во Итната медицинска помош во Куманово деновиве биле регистрирани случаи граѓани да се повредат откако ќе паднат на лед направен од водата што истекува од градските фонтани.