“Форум на работодавачи“ пред кумановци Претставник од Министерството за труд и социјална политика пред дел од локалните работодавачи денеска ги презентираше активните мерки за вработување кои ги нуди државата.
Промовирана книгата “Меѓу минатото и сегашноста“ Во Градската библиотека, денеска беше промовирана книгата “Меѓу минатото и сегашноста“ од Иван Ивановски.
Понеделник неработен ден Понеделник нема да се работи затоа што во недела на 8 декември се одбележува празникот Св.Климент Охридски.
Кумановско-осоговска епархија доби лице за односи со јавност Свештеникот Игор Здравковски е назначен за лице за односи со јавност на Кумановско - осоговската епархија.
КУД “Панче Пешев“ ќе настапи на смотра во Гевгелија Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“, утре ќе настапи на републичка смотра на фолклорни ансамбли во Гевгелија.
16 селски училишта ќе добијат спортска опрема Вкупно 16 основни училишта во кумановско и липковските села ќе добијат техничка и спортска опрема од Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт.
Трибина за “Здравството како основно човеково право“ По повод 10 декември - Светскиот ден за човекови права, утре во Куманово ќе се оддржи трибина на тема “Здравството како основно човеково право“ во организација на Национален Ромски Центар.
Блокирана сметката на ЈП “Водовод“ Од вчера е блокирана сметката на ЈП “Водовод“ заради долг од од 6,7 милиони денари кон Водостопанство Кумановско-липковско поле.
Хуманитарен базар за помош на жртвите од насилство Ракотворби и слатки изработени од членките на Женски центар и Локален совет за превенција од насилство, денеска на Градскиот плоштад се продаваа по симболични цени.
“Еуро колеџ“ додели дипломи на нова генерација студенти “Еуро колеџ“ додели дипломи на 80 дипломирани студенти од 7 - та генерација.
Ќе се реновираа Здравствените домови Од утре ќе започне реновирањето на Здравствените домови во Куманово.
Утре и во сабота крводарителски акции Учениците од Гимназија “Сами Фрашери“ утре ќе даруваат крв од 9 до 13 часот.
Промоција на книгата “Меѓу минатото и сегашноста“ Во Градската библиотека утре во 12 часот ќе се оддржи промоција на книгата “Меѓу минатото и сегашноста“ на авторот Иван Ивановски.
Извлечените на лото ќе работат во јавните претпријатија Над 150 вработени во “Македонски шуми“, од вкупно 1600, кои беа избрани преку лотарија од Владата, ќе бидат работно распоредени во јавните претпријатија, установи и училишта во Куманово.
Дамјановски: Блокирани сме од политички побуди Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, и порача дека ветените проекти што ги најавил во изборната програма ќе ги реализира кога ќе престанат опструкциите од власта.
Легализирани 1.067 трактори во кумановско Во кумановско се легализирани 1.067 трактори и 315 тракторски приколки во изминатите 12 месеци, информираат од МВР.