Колку жени земаат додаток за родено трето или четврто дете? Во Куманово вкупно 850 жени добиваат надомест за родено трето или четврто дете, во Липково 314, а во Старо Нагоричане само 35.
Проект за ресоцијализација на младите престапници Центарот за меѓукултурен дијалог заврши обука со 28 младински работници од десетина земји кои работат со млади луѓе престапници.
Уште 12 кумановци субвенционирани при вработување Во вториот циклус 12 невработени кумановци се субвенционирани при вработување со програмите кои ги нуди државата.
Во “Порака наша“ учат како да се заштитат од сексуална злоупотреба Штитениците на Здружението за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“ учат како да се заштитат од сексуалната злоупотреба која стана честа појава.
“Панче Пешев“ секоја година со повеќе ученици Во музичкото училиште “Панче Пешев“ последниве години се запишуваат се поголем број ученици и наесен се очекува во прво одделение да тргнат 70 - тина деца.
КУД“Карпош“ ќе настапи во Крива Паланка Културно - уметничкото друштво “Карпош“ во недела ќе настапи на фестивалот “Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Општина Куманово работи на изградба на 12 улици Моментално Општина Куманово работи на изградба на 12 улици во градот, а според извештајот 18 улици се реконструирани во период од шест месеци.
Смиљчинци, Света Петка и Павлешенци црни точки во кумановско Во центарот на градот најмногу се гине на раскрсниците на булеварите “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“, “Трета МУБ“ и “Тоде Мендол“, како и делот каде се сечат улиците “Гоце Делчев“ и “Борис Кидрич“.
Врвни музички имиња на Тамбурашкиот фестивал Во рамки на 9 - от меѓународен Тамбурашки фестивал во наредните три дена на Градскиот плоштад ќе настапат познати домашни и музички имиња од соседството.
Невработените граѓани се доедуцираат На седумина кумановци денеска им беа врачени уверенија за успешно завршена обука за електроинсталатер и електромонтер на електрични инсталации во станбени објекти, која ја посетуваа во техничкото училиште „Наце Буѓони“.
Станарите од “Сума“ бараат бесплатен паркинг Граѓаните тврдат дека паркингот зад зградата е нивна сопственост и нема да ги продолжат договорите за плаќање паркинг услуга.
“Панче Пешев“ успешно се претстави во Дојран КУД “Панче Пешев“ викендов настапи во Дојран каде пред публиката се претстави со целовечерен концерт.
Потребни работници за изградба на автопат Центарот за вработување Куманово бара 250 работници за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица.
Ќе се проширува патарината Романовце Патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, ќе се проширува со нови кабини на нова локација, откако се покажа дека неможе да одговори на потребите во летниот период.
Ѓорѓиевски: Ќе ја оправдам довербата на граѓаните и партијата Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски од неодамна е член на извршен комитет на партијата.
За 300 деца нема место во градинка Над 300 деца од Куманово неможат да се запишат во градинка затоа што нема место за сместување во постоечките објекти.