Осумдесет и четири деца трпеле семејно насилство Денеска се одбележува меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на деца жртви на насилство.
Матурантите да не возат на прославата Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелираат до родителите за време на матурските прослави да им обезбедат превоз на децата и да не дозволат сами да управуваат со возило.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за партиски вработувања Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека во образованието вработува партиски кадри се со цел да си обезбеди гласачко тело за престојните локални избори.
Наградата од Париз е чекор кон европско Куманово Наградата што му беше врaчена на градоначалникот, по втор пат се доделува за општина и поединец од балканските простори. Предлогот за една ваква награда ја дал писателот Јордан Плевнеш кој долги години престојува во француската престолнина.
Изложба на минијатури на Момчило Аврамовски Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на минијатури на академскиот сликар Момчило Аврамовски.
Кумановската болница очекува десетина лекари По најавите дека Владата ќе одобри 400 нови вработувања во здравствениот сектор кои ќе се реализираат во наредните четири месеци, од болницата во Куманово велат дека имаат потреба од специјалисти, медицински сестри и болничари.
Читање на поезијата на Борче Грозданов - Пандур Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19 часот и 30 минути ќе има поетско читање.
Јаловина се излеа од Тораница Од рудникот Тораница кај Крива Паланка вчера се излеа јаловина. Хаваријата се случи утрината, кога одрон од карпа скршил цевка на транспортниот вод.
Партиите си го мерат рејтингот за локалните избори Локалните избори ќе се оддржат во март наредната година, но политичките партии наголемо си ја мерат популарноста и ја започнаа битката за добивање на што повеќе гласови.
Промоција на прекугранична конференциска врска Во Општината Куманово утре ќе се одржи завршната конференција на проектот за зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка на Ќустендилската област и Северо-источниот плански регион, од програмата за преку граничца соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Општината учествуваше на семинар за брендирање Секретарот на Општината Валентина Алексовска, присуствуваше на дводневен семинар во Измир, Турција на кој се разгледуваа можностите за брендирање на општината.
Mатурaнтите слават со трубачи Матурантите по традиција крајот на школската година задолжително го слават со трубачки оркестри.
Предавање за матичните клетки Во просториите на Црвен Крст во Куманово, утревечер со почеток во 19 часот ќе се одржи предавање за матичните клетки.
Наврнаа трисетина литри на метар Обилните врнежи од дожд започнаа вчера, продолжија во текот на ноќта, а така ќе биде и до крајот на денот. За четврток временската прогноза е слична, што значи пак ќе има врнежи.
Кои се новите директори на Монопол? Поранешни фунционери, меѓу кои еден пратеник, двајца државни секретари, директор, професор и помлади соработници, сите од Скопје, се новите директори на Тутунскиот комбинат Куманово, кои добија мандат од Владата и акционерите да ја опорават фабриката.
Ново продолжение на „Детонатор„ во Крива Паланка Дискотеката „Чарли Стил„ во Крива Паланка вчера е затворена, откако УЈП и Државниот пазарен инспекторат утврдиле повеќе неправилности во работењето.