Утре седница на Совет
Советот на Општината Куманово, утре ќе ја одржи деветнаесеттата, редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 15 точки, а меѓу другото советниците ќе го разгледаат кварталниот извештај на Буџетот, финансиското работење на „Куманово-гас„, измени за такси превозот , одредување на цената за паркирањето во градот, а предложени се и повеќе измени на Деталниот урбанистички план.