Општинската каса испразнета за 250 илјади евра Министерството за финансии вчера ја блокирало сметката на Општината Куманово и повлекло 14 милиони денари за отплаќање на рата од кредитот на Европска банка кои ЈП „Водовод“, ги потроши за реализација на програмата МЕАП.
Годинава три премиери во Кумановскиот театар Три театарски проекти ќе бидат финасирани од Министерството за култура во новата сезона на НУЦК "Трајко Прокопиев„. Во театарот веќе започнале подготовките на првата претстава.
СВР: Граѓаните да ги проверат документите на шалтер, пред сликање за лична карта СВР Куманово ги известува граѓаните на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, кои добиле термини за фотографирање за лични карти, предходно да извршат проверка на потребните документи во Одделението за управни работи.
Го расекол со нож зашто се скарал со чичко му Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Ш.(24) од Куманово за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Пожар во маркетот Адриатик Во супермаркетот Адриатику, на улицата „Владимир Назор“, вчера во два часот по полноќ избувнал голем пожар. Пожарот го забележал чуварот што го обезбедувал објектот и веднаш ја повикал противпожарната служба.
Три улици во градот без вода На три улици во градот денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето. Улицата „Гоце Делчев„ ќе добие нова водоводна мрежа и поради новиот приклучок во периодот од 10 до 17 часот, тој дел од градот ќе остане без вода.
Три години затвор за поседување оружје Во Основниот суд во Куманово, денеска на три години затвор е осуден Хаки Исени (35) од селото Слупчане, Липковско за сторено кривично дело недозволено поседување оружје.
Кумановка освои награда на пивтијада во Руменка На Меѓународната пивтијада во Руменка,Војводина, Филимена Василевска од Куманово ја освои втората награда во натпреварот за подготовки на традиционалниот специјалитет-пивтија.
Чистота ќе го плаќа заостанатиот данок на рати ЈП „Чистота и Зеленило“ по основ на ДДВ и данок на добивка на Управата за јавни приходи и должи околу 50 милиони денари и ќе ја искористи владината мерка да го отплати долгот на рати.
Kазнетите стопанственици ќе протестираат Над 300 сопственици на фирми, во четврток од 10 до 12 часот ќе протестираат пред Управата за јавни приходи во Куманово, незадоволни поради големите парични казни што треба да ги платат за ненавремено поднесување на пријави за ДДВ.
СДСМ: Кумановци не се граѓани од втор ред Општинската организација на СДСМ денеска на пресс-конференција ја обвини Управата за јавни приходи дека изрекува максимални казни од 5000 евра на сопствениците на фирмите во Куманово, само затоа што локалната самоуправа не е во рацета на ВМРО-ДПМНЕ.
Променливо облачно и врнежливо цела недела Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето, а од утре повторно следува период на променливо облачно со серија влажни бранови од југ, кои ќе условат повремени врнежи од дожд.
Прекинат сообраќајот на неколку патни правци Сообраќајот на повеќето магистрални и регионални патни правци во државата во утринските часови се одвива по влажни коловози, поради врнежи од дожд и снег.
Од денеска Велигденски пости Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното.
Се зголемува семејното насилство во Куманово Семејното насилство во Општината, лани е зголемено двојно повеќе во однос на предходната година, како и во повеќето градови во државата.
Се заканувал дека ќе ја убие сопругата Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Ј. (55) од селото Тромеѓа за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.