Празник на медот во Куманово Дваесетина пчелари се претставуваат на годинешниве „Денови на медот 2010„ што ги организира здружението на пчелари од Куманово. Традиционално и оваа година најголем број од учесниците се од Куманово, а има и гости од Гостивар, Виница и Битола.
Советниците на ДПСМ ќе го напуштат Советот ? Двајцата советници Горан Стојковиќ и Емилија Томиќ се закануваат дека ќе излезат од Советот, бидејќи пет месеци од донесувањето српскиот и ромскиот јазик не се употребуваат во работата на Советот.
Социјалците бараат поголема помош од државата Пред Центарот за социјални работи во Куманово денеска протестираа корисниците на социјална парична помош, незадоволни од висината на надоместокот и законските регулативи.
Пензионерите на незаборавен излет во Лесновскиот манастир Според масовноста на прославата на „Мала Богородица„ во живописниот манастир во Лесново, случаен намерник би стекнал впечаток дека беа насобрани пензионери од сите градови на Источна Македонија.
Есента е пред нас Утре во 05:09 часот по средноверопско време започнува есента на северната хемисфера и ќе трае 89 дена, 20 часа и 29 минути.
Протести на социјалците во Куманово Невладината организација „Хоризонт-Македонија„ од Крива Паланка утре организира протести за корисниците на социјална помош во Куманово.
Раселените на „Мала Богородица„ во Матејче Раселените Македонци и Срби од селото Матејче, кои за време на воениот конфликт ги напуштија своите домови големиот христијански празник „Мала Богородица“,ќе го прослават во истоимениот манастир над селото.
Георгиевска: Стечајците се гладни во оваа држава Вчерашниот појадок на Камениот мост во Скопје покажа колку е гладен македонскиот народ. Таму имаше и наши членови, кои гладни ја изгубија самопочитата пред немаштијата...
Во Којнаре ќе се гради стационар за кучиња Во завршна фаза се подготовките за изградба на стационарот за собирање на кучињата скитници во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во Куманово.
Жителите на Средорек не сакаат контејнер пред куќа Жителите на ромската населба Средорек се жалат дека контејнерот за собирање на смет што е постaвен во близина на нивните куќи е извор на зараза. Тие тврдат дека ѓубрето што се остава покрај контејнерот е причина што нивните деца се често болни, а во населбата се јавуваат разни зарази.
Триесет и втора седница на Совет Советот на Општина Кумановo утре ќе ја одржи триесет и втората седница. Пред советниците ќе се најдат 22 точки на дневен ред.
Паднал од орев и се наденал на шипка Несреќниот човек со стомакот удрил во металниот столб од оградата и притоа се здобил со фатална повреда од која починал на лице место.
Започна реконструцијата на Драгомански мост Мостот беше оштетен за време на поплавите во мај годинава, по што беше забранет за сообраќај.
Пензионерите на излет во Лесновски манастир Здружението на инвалидски пензионери за своите членови во вторник организира еднодневна екскурзија до Лесновскиот манастир, кај Злетово.
Kамион удри во автобус При тоа се скрши едно од страничните стакла на автобусот. Во сообраќајката никој не е повреден, а причинета е само помала матерјална штета.