Дваесет и деветa седница на Совет Советот на Општината Куманово утре ќе одржи редовна седница. На двесет и деветата седница на дневен ред се 19 точки.
Се поправа локален пат во Младо Нагоричане Започна поправката на локалниот пат во селото Младо Нагоричане во должина од 4500 м.
Во семејна расправија го застрелал братот Евзи Селахи (50) од селото Опае утрово се здобил со прострелана рана во колкот откако во него пукал неговиот помлад брат Ељхан (38). Повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување и се наоѓа вон животна опасност.
Дамјановски: Направивме единствена локална самоуправа Наградата што ја добив е резултата на петгодишната макотрпна работа и стрпливост на граѓаните во создавањето на подобри економски и инфраструктурни услови за посреќен и подобар живот.
Поправена канализационата цевка во Ајдучка чешма Задоволни сме што конечно надлежните се огласија и одвоија време да го решат проблемот, но револтирани сме што требаше да се заканиме со протести и граѓанска непослушност во медиумите па да не сфатат сериозно- велат жителите.
Опаец пукал во брата си Во селото Опае утринава во осум часот во семејна расправија Ељхан С. (38) пукал во својот брат Евзи С. (50). Пукачот веднаш по настанот побегнал во непознат правец со својот автомобил и полицијата трага по него.
Во Куманово увезени 1500 автомобили Околу 1500 возила се увезени во Куманово во последните три месеци, поради што се зголеми број на барања за пререгистрација на возила на македонски таблички. Најголем дел од автомобилите се до 16 години, увезени од Бугарија, Словенија , Германија, Италија и другите европски држави.
Домашен притвор до повторното судење за Сопот Шабан Лимани, Самет Љутвиу, Хасан Клаиќи и Сулејман Сулејмани, сите од липковското село Сопот по 7 години години затвор од петокот попладне се дома.Тие во домашен привор ќе го чекаат повторното судење на случајот Сопот, по одлуката на Кумановскиот суд да се поништат предходните пресудите.
Децата на загинатите бранители на бесплатен одмор во Претор Здружението на бранители и оваа година за своите членови огранизира летување на Преспанското езеро во феријалното одмаралиште Претор.
Уапсен дилер на дрога и неговата мајка Виктор М.(35) и неговата мајка Слободанка М.(60) биле уапсени утринава во полициска акција, кога во нивниот дом била пронајдена поголема количина на дрога и девизи.
Градоначалникот зборуваше на бизнис форум во Сараево Градоначалникот во своето излагање го истакнал неговото видувањe за менаџирање на локалната самоуправа во надминување на економската криза и карактеристиките на децентрализацијата во Македонија.
Лукоил ќе гради бензиска пумпа кај Зелениот пазар На парконгот спроти Зелениот пазар во Куманово наскоро ќе никне бензиска пумпа. Познатата руска нафтена компанија „Лукоил„ го купила земјиштето од Владата и работи на подготовка на теренот за изградба.
Пуштена спортска сала во Слупчане Салата е со капацитет од 500 гледачи и ќе се користи за сите мали спортови. За изградба Владата потрошила 18 милиони денари. Со салата ќе управува Општината Липково.
Во Ајдучка чешма фекалии течат по улица Река од нечиста вода измешана со измет тече по улицата и навлегува вонивите и дворовите на околните куќи. По фекалиите секојдневно газат минувачи и возила , поради што жителите се плашат дека ќе се појави заразна болест.
Куманово и Кампина ќе се збратимат Пријателството на двете Општини што започна пред неколку месеци продолжи со потпишување на меморандумот за соработка, а ќе финишира со збратимување на двата града при крајот на летото.
Заработил кривична затоа што ископал дупка, а не ја обезбедил Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ќ.Ш. (40) од Куманово за сторено кривчно дело „тешки дела против општата сигурност“.