Мени

Жените на ДПСМ избраа ново раководство

Жените на ДПСМ избраа ново раководство

 Емилија Томиќ, советничка во Советот на Општина Куманово е новата претседателка на Активот на жените на Демократската партија на Србите во Македонија, во Куманово. Заменичка е Сузана Јовановиќ, а за секретарка е избрана Марија Тренчиќ.

Попушти Коински мост на Пчиња

Попушти Коински мост на Пчиња

Се искриви еден од столбовите на Коински мостот откако викендов нивото на водата во  реката Пчиња се зголеми за 1,5 метар. Надојдените води во коритото повлекоа дрвја и гранки кои го сопреа протокот и дополнително ја оптерети старата конструкција. Жителите сметаат дека мостот попуштил, бидејќи не се одржува.

Занаетчискиот дом ќе се ревитализира

Занаетчискиот дом ќе се ревитализира

Денеска се одржа втората јавна трибина за ревитализација на Домот на занаетчии, во организација на локалната администрација. Трибината предизвика пошир  интерс и внимание, главно на луѓе од архитектурата, културата и јавниот живот во градот.

Бесплатни прегледи на граѓаните и годинава

Бесплатни прегледи на граѓаните и годинава

 Акцијата на Центарот за јавно здравје за бесплатно мерење на шеќер и холестерол во крвта ќе продолжи и оваа година. Новина е што е формирана и патронажна служба,која што ќе биде во функција за возрасните жители од руралните средини што не ќе можат да ги посетат пунктовите.

Стечаен управник проневерил пари

Стечаен управник проневерил пари

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.П.(58) од Скопје, стечаен управник на печатница, книговезница и картонажа „Просвета“ АД Куманово во стечај за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.