Ако ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, по сила на закон тие ќе бидат на 21 јуни, порача Костовски Консензус за датум за избори треба да има, но ако ДПМНЕ бега од тоа, изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни, порача денеска на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Полициски час од сабота во 19 до вторник во 5 часот, предложи Комисијата за заразни болести Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложила до Владата целосно ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј.
Двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово Денеска во Куманово регистрирани се двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус.
Штуз со две автобуски линии до Скопје и назад Компанијата Штуз од Куманово започна со меѓуградскиот превоз на релација Куманов-Скопје, но со редицуиран број на автобуси.
Повреден мотоциклист, излетал од коловозот на „Благој Илиевски Гуне“ Момче од Куманово се здобило со тешки повреди, откако вчера паднало од мотор.
Два камиони за смет набави ЈП „Чистота и зеленило“ Два камиони за собирање на смет набави ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Нивната вредност е 80.000 евра, обезбедени од сопствениот буџет. Станува збор за помали возила кои досега недостасувале во претпријатието.
Петар Андоновски добитник на Европската награда за литература Кумановецот Петар Андоновски, со својот роман „Страв од Варвари“, во издание на „Или-Или", е добитник на Европската награда за литература.
Меѓуопштинскиот превоз од четврток, се чекаат насоки за возниот ред Автобускиот превоз кон селата во Куманово и Општината Старо Нагоричане ќе започне во четврток, најавуваат од компанијата „Јоцо-турс“.
Од утре редуциран автобуски превоз кон Скопје, започнува со работа и Автобуската станица Од утре во 6 часот започнува со работа Автобуската станица во Куманово. Од компанијата „Руле- турс“, ги информираат граѓаните дека од утре ќе се воспостави меѓуградскиот превоз на релација Куманово- Скопје, но со редуциран број на автобуси.
Во Куманово 10 оздравени од коронавирус, нема новозаболени Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти, меѓу нив 10 се од Куманово.
Прифатен предлогот за нормализирање на градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.
Се скарал со соседот па пукал со пушка, полицијата го привела Жител на Слупчане испукал еден проектил од автоматска пушка во воздух, откако се скарал со соседот. По пукањето тој бил приведен, а оружјето му било одземено.
Започна уредувањето на зелената површина покрај зградите на „Октомвриска“ Градежна механизација утринава започна со расчистување на шутот и земјата покрај зградите на локалитетот „Водовод“, на чие место е планирано да се уреди парк. Се работи за простор покрај самата река Кумановка, кој со години е запуштен и нема никаква функција.
За време на полициски час пукал од возило во движење Непознато лице синоќа пукало од возило во движење во близина на поранешен „ЧИК“.
Центарот за вработување врши евиденција само за прво пријавување и за оние кои останале без работа, останатите кога ќе помине корона кризата Агенцијата за вработување во Куманово, за време на вонредната состојба поради коронавирусот, врши пријавување само на лицата коишто за првпат се пријавуваат како невработени или пак на оние лица коишто во моментот им престанал работниот однос.
Шеесетгодишна кумановка почина од коронавирус На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Куманово(60), хоспитализирана на клиниката од 27 април.