Започна Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска беше отворена Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки.
Три лица повредени при судир на југо и тојота Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на крстосница на регионален пат Куманово - Свети Николе, на влезот во Куманово.
СДСМ ќе изгради 15 детски игралишта во Куманово Општинската организација на СДСМ од Куманово ќе изгради 15 детски игралиште со донации од членовите на извршниот одбор и потпредседателот Оливер Спасовски. Првото беше пуштено во употреба синоќа во населбата Тоде Мендол.
Промоција на збирката „ШШШ! Интимистичка вајбер поезија“ од Елена Пренџова Поетската збирка „ШШШ! Интимистичка вајбер поезија“ од поетесата Елена Пренџова, ќе биде промовирана денеска (петок) во 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Денови на мед на Градскиот плоштад во Куманово Манифестацијата „Денови на мед 2019“, во организација на пчеларското друштво „Пчела“ од Куманово, од вчера се одржува на Градскиот плоштад.
Без вода две улици и една населба Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на две улици и една населба.
Ги фатиле додека краделе во куќа на „Народна револуција“, приведени двајца кумановци Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска 20 минути по полноќ, во двор од куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, ги уапсиле А.А.(23) и В.А.(24), двајцата од Куманово.
Протест на жителите на „Киро Фетак“, бараат реконструкција на водоводната мрежа Жителите на улицата „Киро Фетак“, денеска протестираа пред зградата на Општина Куманово, поради проблеми во водоснабдувањето и честите дефекти на водоводната мрежа.
Ревија на три етнолошки документарни филмови Во Занаетчискиот дом на Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на три документарни филмови од авторките Анита Ѓорѓиевска и Валентина Андреиќ, вработени во НУ Музеј -Куманово.
Изложба на слики на Кичевската ликовна колонија во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики од 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија.
Од занаетчиството се школуваа деца и се правеа куќи, велат актерите на филмот „Мека душа за тврдо железо“ Во преполната сала на Занаетчискиот дом во Куманово, синоќа беше прикажан документарниот филм: „Мека душа за тврдо железо“, од етнолозите Надица Петковиќ и Валентина Илиевска.
Автомобил излетал од патот Куманово-Скопје Едно лице е повредено откако автомобил излетал од стариот пат Куманово-Скопје.
Се предозирал и починал во тоалет Во монтажните тоалети, пред поранешниот хотел „Кристал” пронајдено е почина лице.
Кумановка повредена со остар предмет во домот на невенчаниот сопруг Од болницата во Куманово, вчера било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет била донесена С.З.(42) од Куманово.
Презентирано дел од српското културно наследство во Куманово Српскиот културно информативен центар „Спона“ од Скопје во соработка со Колото на српските сестри од Куманово, синоќа во гостилница „Дома“, одржаа презентација на дел од нематерјалното културното наследство на Србите.
Фатени крадци, кои „оперирале“ во липковско Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.А.(21) од с.Черкезе, Ш.А.(23) од с.Лопате и Б.А.(24) од с.Черкезе, поради постоење основи на сомнение дека сториле осум кривични дела четири „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид и едно кривично дело „кражба“.