Поранешната касарна во Карпош ќе стане депонија на пцовисани животни ако не се казнат оние што ги фрлаат Инспекциските служби од Општина Куманово, кои вчера извршиле увид на лице место во поранешната касарна во населбата Карпош, утврдиле дека мртвите кучиња се фрлени во различен временски период.
Kумановскиот суд го одби барањето за замена на помошникот-судија во случајот „Алмир“ Кумановскиот суд го одби барањето на одбраната во случајот „Алмир Алиу“ за замена на помошникот-судија во овој случај, бидејќи се сомневаат дека поради неговата етничка припадност, обвинетиот Бобан Илиќ, тој ќе биде пристрасен во текот на судскиот процес, известува „Порталб.мк“ , пренесува порталот Мета.мк.
Во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места На 167 избирачки места ќе гласаат граѓани на Општина Куманово на престојните претседателски избори.
Кривични пријави за измама и злоупотреба на службена положба Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.С.(45) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама и против В.Д.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Рускиот амбасадор во посета на „Српски вез“ Амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Александрович Сергеј Баздникин, ќе го посети Културно уметничко друштво „Српски вез“, по повод Меѓународниот ден на детската книжевност .
Вреќи со мртви кучиња расфрлани во поранешната касарна во населбата Карпош Вреќи со мртви кучиња и медицинска опрема, била пронајдена утринава од случајни минувачи во напуштената касарна во населбата Карпош.
Во Градската библиотека предавање на Дејан Ристиќ „Заедничко културно наследство“ Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“, утре во 18 часот, Дејан Ристиќ ќе одржи предавање на тема „Заедничко културно наследство“.
Забрана за движење во шуми Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува делумно движење во шумите, поради зголемениот ризик за појава на шумски пожари.
Официјално почнува претседателската кампања Кандидатите за претседател на претстојните претседателски избори денеска ја започнуваат официјалната предизборна кампања, која трае до 19 април.
Бензините поскапи за 2,5 и 3 денари, дизелот за половина денар Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени од половина до три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Објавен конкурс за упис во средните училишта - Во Куманово слободни 2.584 места Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко и образование за ученици со посебни образовни потреби.
УЈП почнува со доставување на претпополнети годишни даночни пријави Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.
Претепан затвореник од Идризово кој бил пуштен на викенд Кумановец, кој издржувал затворска казна во Идризово бил претепан во Скопје, откако бил пуштен на викенд.
Ноќеска почнува летното сметање на времето Ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето.Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно 2 часот ќе се смета за 3.
Пожари во Живиње и Никуштак Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над селотот Никуштак.