Затвореник од Ропаљце избоден со нож Р.Ј.(40) од село Ропалце, липковско, е тешко повреден, откако вчера во 13.30 часот со нож го нападнал Е.А.(24) од Тетово, во Казнено поправна установа Идризово.
Се возобновуваат Поткозјачки литературни средби Во салата на Домот на занаетчии вечерва во 19 часот ќе се одржат "Поткозјачки литературни средби". Манифестацијата се возобновува по две децении.
Гасификацијата во Куманово продолжува кон поголем број на станбени објекти Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја проширува секундарната гасоводна мрежа во Куманово на неколку улици, информираа од претпријатието.
Oдбележана Неделата на италијанскиот јазик во „11 Октомври„ Во основното училиште „11 Октомври“ се одбележа Меѓународната недела на италијански јазик, која оваа година беше на тема: Италијанскиот јазик во мрежата, социјалните мрежи за италијанскиот јазик.
Измените во Закон за стечајци ќе обештетат уште 500 стечајци од Куманово Над 1.600 стечајни работници на ниво на државата ќе бидат опфатени со дополнетието на Законот за стечајци, кој вчера беше усвоен во Собранието.
Бесплатна фото школа во Куманово Фото кино клуб „Козјак“ и оваа година организира бесплатна школа по уметничка фотографи за граѓаните на Куманово.
Од „Баба Цана“, па се до последната пицерија се следеле граѓани во Куманово Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и ексначалникот на крим-техника на СВР Скопје Горанчо Савевски, кој сè уште е на функција во МВР и не е обвинет во предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, според бомбите пуштени денеска во судница, разузнавал и прислушувал граѓани од Куманово, кои ги лоцирал како соработници на Зоран Дамјановски – Циц, тогашен градоначалник и кандидат на СДСМ на локалните избори во 2013 година.
Згасна Дописниот центар во Куманово Дописниот центар во Куманово, кој се наоѓаше во приземјето на Mузичкото училиште „Панче Пешев“, повеќе не постои.
Кумановскиот театар ќе игра претстава за помош на Сара од Охрид Театар Куманово се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.
Хари Мата Хари и Звонко Богдан за Денот на градот во Куманово Хари Варешановиќ и Звонко Богдан ќе бидат музички звезди на годинешнава прослава на 11 Ноември, по повод Денот на ослободување на Куманово.
Груевски ќе ја одлежи казната во затворот К`шање? Поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
Државата ќе покрие половина од долговите на општините Владата денеска го усвои предлог законското решение со кој на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови.
Вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово ја ограбиле бензинската пумпа на автопатот Куманово-Скопје и одзеле 15.000 денари.
Во Крива Паланка се одржа Меѓународен фестивал на староградски песни Во Центарот за култура во Крива Паланка, викендов се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни.
На Зебрњак одбележана 106 годишнината од Кумановска битка На споменикот Зебрњак, покрај Куманово, вчера се одбележа 106 годишнината од Кумановската битка и големата победа на српската војска против Турците во Првата балканска војна.
Променливо облачно и свежо до петок Минималната температура во Куманово утринава изнесува 8 степени, а во изминатите 24 часа наврнале 3 литри на метар квадратен дожд.