Исчистени критичните точки на каналите и речните корите во регионот Исчистени и продлабочени се поголем дел од речните корита и одводните канали во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, заради заштита од поплави во престојниот период.
Бензините и дизелот поевтинуваат од 1,5 до 3,5 денари Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 денари до 3,5 денари.
Докторите кон „антиваксерите“: Родителите да ги знаат последиците од невакцинирањето Намалувањето на бројот на вакцинирани деца на територијата на целата земја, според познавачите, се должи и на кампањите против вакцинирањето, но и на недовербата на родителите во здравствениот систем.
Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, преку денот ќе има зголемена облачност, со услови за краткотраен локален дожд, особено предпладне.
Четири пожари во изминатото деноноќие, опожарена барака и викендица Четири пожари гаснеле кумановските пожарникари во изминатите 24 часа.
Семејно насилство во Куманово, ја тепал сопругата и малолетниот син Жена од Куманово вчера по полноќ пријавила во полициска станица дека била физички нападната од сопругот.
Марко Тренчевски нов претседател на Млади социјалисти на Македонија Марко Тренчевски од Куманово е избран за нов претседател на Млади социјалисти на Македонија (МСМ), на конгресот кој се одржал на 20 октомври во Скопје.
Затвореник од Ропаљце избоден со нож Р.Ј.(40) од село Ропалце, липковско, е тешко повреден, откако вчера во 13.30 часот со нож го нападнал Е.А.(24) од Тетово, во Казнено поправна установа Идризово.
Се возобновуваат Поткозјачки литературни средби Во салата на Домот на занаетчии вечерва во 19 часот ќе се одржат "Поткозјачки литературни средби". Манифестацијата се возобновува по две децении.
Гасификацијата во Куманово продолжува кон поголем број на станбени објекти Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја проширува секундарната гасоводна мрежа во Куманово на неколку улици, информираа од претпријатието.
Oдбележана Неделата на италијанскиот јазик во „11 Октомври„ Во основното училиште „11 Октомври“ се одбележа Меѓународната недела на италијански јазик, која оваа година беше на тема: Италијанскиот јазик во мрежата, социјалните мрежи за италијанскиот јазик.
Измените во Закон за стечајци ќе обештетат уште 500 стечајци од Куманово Над 1.600 стечајни работници на ниво на државата ќе бидат опфатени со дополнетието на Законот за стечајци, кој вчера беше усвоен во Собранието.
Бесплатна фото школа во Куманово Фото кино клуб „Козјак“ и оваа година организира бесплатна школа по уметничка фотографи за граѓаните на Куманово.
Од „Баба Цана“, па се до последната пицерија се следеле граѓани во Куманово Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и ексначалникот на крим-техника на СВР Скопје Горанчо Савевски, кој сè уште е на функција во МВР и не е обвинет во предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, според бомбите пуштени денеска во судница, разузнавал и прислушувал граѓани од Куманово, кои ги лоцирал како соработници на Зоран Дамјановски – Циц, тогашен градоначалник и кандидат на СДСМ на локалните избори во 2013 година.
Згасна Дописниот центар во Куманово Дописниот центар во Куманово, кој се наоѓаше во приземјето на Mузичкото училиште „Панче Пешев“, повеќе не постои.
Кумановскиот театар ќе игра претстава за помош на Сара од Охрид Театар Куманово се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.