Изгоре канцеларија во Кумановската полиција Изгоре дел од канцеларијата на Oтсекот за превенција во зградата на СВР Куманово.
Директорка вработила воспитувачка без соодветно образование Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С. (45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.
Општински натпревар по математика во “Браќа Миладиновци“ Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во сабота ќе се одржи општински натпревар по математика.
Приведен Германец - предизвикал тепачка Во Полициската станица Куманово, синоќа во 21.15 часот приведен е Б.Б.(28) од Сојузна Република Германија, поради пријавено нарушување на јавен ред и мир.
Тешко повреден велосипедист, пренесен на Скопска клиника Автомобил удрил во велосипедист, кој е тешко повреден и пренесен на лекување на скопските клиники.
Гласавме за подобро утре, но се разочаравме, вели Елезовски Актуелната власт премногу „завергла“ во решавањето на проблемот со името и влезот во ЕУ, поради што заборави на реалните проблеми на граѓаните, сиромаштијата, нечовечкиот третман кон маргинализираните групи на граѓани, скандалите во судството и квалитетот на луѓето кои ги поставуваат на позициите, смета претседателот на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски.
Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар Од ноќеска на полноќ цената на горивата ќе се намали за 2,5 денари за литар.
Реакција на колумната на Бране Петрушевски: „Градоначалникот вети и остварува“ Од општинската организација на СДСМ реагираат на колумната на Бране Петрушевски со наслов „100-те дена од Максовиот „живот за сите“ во Куманово.
Хуманитарна помош за повеќе сиромашни семејства Општинска организација на Црвен крст Куманово во изманитите 2 недели организираше хуманитарни активности за помош на повеќе семејства од општините Куманово и Старо Нагоричане и Липково.
Вo Куманово ќе се постават 10.000 електронски водомери со европски пари Кон средината на наредниот месец, ЈП „Водовод“ ќе започне со замена на старите електронски водомери со нови во системот на водоснабдување во Општина Куманово.
Српската странка ја прослави партиската слава „Сретење“ Членовите на Српската странка, вчера ја прославија партиската слава „Сретење-Господово“.
Судењето за убиството на Алмир вратено на почеток Судскиот процес за убиството на малиот Алмир Алиу во Основниот суд Куманово вчера започна од почеток.
Димитриевски се извини на министерот Ахмедовски Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се извини на министерот без ресор Аксел Ахмедоски, поради вчерашното доцнење на состанокот во Општина Куманово.
Кумановец поседувал оружје без дозвола Кумановската полиција поднесе кривична пријава против О.М. (39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Градоначалникот Димитриевски го извисил министерот Ахмедовски, реагираат од ПЦЕР Министерот без ресор Аксел Ахмедоски, два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на договорена средба во Општината, но тој не се појавил.
Без струја делови од градот и неколку села Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во делови на градот и неколку села во општините Куманово и Старо Нагоричане.