Кривични пријави за бесправна градба и службена злоупотреба Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.М.(44) и Н.М.(78), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела бесправно градење и узурпација на недвижности и В.Л.(64) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Избран нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Филип Симоновски, дипломиран економист, е нов претседател на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ - општински комитет Куманово.
Промоција на „Водич за долговечност“ од Александар Митов Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утревечер во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Водич за долговечност“ од др. Александар Митов.
Во Куманово наврнаа 7 литри дожд Вo изминатите 24 часа во Куманово наврнале 7 л/м дожд, соопштуваат од УХМР.
Прегазена жена-пешак во центарот на Куманово Жена е тешко повредена синоќа откако ја удрила кола на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.
Кумановци сакаат да читаат, но и да купуваат книги Над 250 книги купиле граѓаните на Куманово за 5 дена, минатата недела, на мини саемот за книги, кој го организираше издавачката куќа „Три“, на платото пред Градската библиотека.
Изгаснат пожарот на депонијата „Краста“ за кој се претпоставува дека е подметнат Вчера доцна попладне изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“, во близина на селото Пчиња.
Во Куманово отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство Во Куманово денеска беше отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство во државата.
ВМРО–ДПМНЕ во текот на летото ќе го посети секое семејство во Куманово Од ВМРО–ДПМНЕ Куманово, денеска ги информира граѓаните дека започнуваат акција “Лето за Македонија”, во рамки на која, преку 50 тимови на партијата ќе го посетат секое домаќинство во општината, за да го чујат ставовите на граѓаните за промена на името на државата, економската состојба и други проблеми со кои што секојдневно се соочуваат.
Угостителите до 15 септември да ги отстранат летните бавчи, побарал градоначалникот Димитриевски Градоначалникот Максим Димитриевски, дел од советниците во Советот на Општината, претставници од секторот за урбанизам и инспекциските служби, денеска одржаа состанок со угостителите, на кој се расправало за проблемите околу поставената урбаната опрема на јавните површини и финансиската дисциплина во оваа дејност.
Тринаесет мигранти од Ирак фатени на автопатот Куманово-Табановце Припадници на граничката полиција фатија 13 мигранти од Ирак завчера во близина на бензиската пумпа на автопатот Куманово-Табановце.
Гори депонијата „Краста“ во Куманово Од ноќеска гори депонијата Краста, во близина на селото Пчиња, на која се изнесува ѓубрето од Куманово.
На градскиот плоштад во Кумано прослава за покана во НАТО и ЕУ Битолската група „Фолтин“, „ПМГ Колектив“, Мухамед Ибрахими и Шутка Рома Рап, ќе пејат утре на Градскиот плоштад во Куманово, на прославата по повод добивањето на поканата за членство во НАТО.
Советниците бараат поголема финансиска дисциплина од угостителите во Куманово Поголема финансиска дисциплина од угостителите и поголема ефикасност од надлежните општински служби, бараат советниците, по информацијата дека 90 отсто од нив не плаќаат закуп на државното земјиште на кое поставиле урбана опрема.
Се поставуваат нови „лежечки полицајци“ во градот На неколку локации во Куманово, пред основните и средни училишта, поставени се „лежечки полицајци“, кои имаат функција да го забават движењето на возилата.
Реакција на текстот „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски“ Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, реагираа на објавата на текстот „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски“.