Заев му понуди на Дамјановски да биде дел од извршната власт
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, синоќа од митинг во Куманово, на
досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц, му понуди да биде дел
од извршната власт. Заев го пофали Дамјановски дека бил предводник во
битката против предходната власт и заедно со неговите соработници ги
издржал сите закани, инспекции, пријави, тортури и омаловажувања.