Оливера Доцевска ќе ја промовира “Еден миг од времето“ Во Домот на култура “Лазар Софијанов“ во Кратово, утре во 12.30 часот ќе се одржи промоција на најновата книга " Еден миг од времето", на кумановската поетеса Оливера Доцевска.
Од 1 декември трудниците нема да плаќаат партиципација Трудниците кои се здравствено осигурани од 1 декември годинава имаат право на бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи и биохемиски анализи.
“Перо Наков“ и “Кочо Рацин“ во трката за најдобра веб страна Средното училиште “Перо Наков“ и основното училиште “Кочо Рацин“ се пријавиле на конкурсот на Министерството за образование и наука, за избор на најдобра училишна веб страна.
Струја нема во Клечовце, Стрезовце, Новосељане, Градиште, Скачковце Поради дефект во мрежата утрово пет кумановски села се без струја.
Камион прегазил деветгодишно дете Во сообраќајна несреќа во селото Сопот вчера попладне камион прегазил дете, а друг човек е повреден.
„Вело - М“ успешно ја завршува годината Велосипедскиот клуб „Вело-М“ успешно ја заврши оваа сезона и по тој повод во општината денеска ги презентираа постигнатите резултати.
Црвен Крст организираше мерење на притисок и шеќер Општинската организација на Црвен Крст од Куманово денеска на Градскиот плоштад организираше акција за мерење на притисок и шеќер во крвта, по повод Недела за грижа на старите лица која трае од 23 до 29 ноември.
Алтернативни извори на финансирање на малите и средни претпријатија Информативна средба за алтернативни извори на финансирање на малите и средни претпријатија се одржа денеска во Куманово, во организација на Центарот за развој на североисточниот плански регион.
Ученици од “Наце Буѓони“ на натпревар “Лидер во својата струка“ Ученици од „Наце Буѓони“ утре во Скопје ќе учествуваат на натпреварот „Лидер во својата струка“.
Опомени наместо казни за лекарите Олеснување на казнената политика за матичните лекари, најавија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Општините да се подготват за обилните дождови Министерството за транспорт и врски денеска ги повика градоначалниците и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од најавените обилни врнежи во државата.
Починало новороденче од Куманово Новороденче од Куманово со Брза помош е пренесено во Скопје, каде е констатирано дека бебето починало.
Форумот на жени на СДСМ организира трибина против насилство Форумот на жени на СДСМ Куманово утре во МКЦ“Козјак“, организира трибина на тема “Женскиот активизам и борбата против родово базираното насилство“.
Санирана зградата на Музеј Куманово Санирана е зградата на Музеј Куманово со средства на Министерството за култура.