Момче загина во сообраќајка кај Бујановaц Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Врање, пред Бујановац, едно лице го загубило животот а друго е тешко повредено кога автомобил удрил во камион.
Кумановска фирма казнета 600 евра Кумановска фирма во период од 18 до 22 месецов е казнета со 36.900 денари, поради направен прекршок по Закон за трговија.
Наставничкиот пленум на протест во Скопје Членови на Наставничкиот пленум од Куманово утре во 17 часот ќе протестираат пред Министерството за образование во Скопје, со барање да се ревидира екстерното тестирање.
Ангажирани 20 сезонски пожарникари Во Територијалната противпожарна единица Куманово се ангажирани 20 сезонски пожарникари за претстојниот летен период.
Панихида за Драган Богдановски Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, утре во 11 часот на Градските гробишта организира панихида за Драган Богдановски.
Во Куманово осудени 168 полнолетни лица Во Основен суд Куманово лани се осудени 168 полнолетни лица, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.
Бугарка фатена со хероин на Табановце Бугарска државјанка е фатена со 200 грама хероин на граничниот премин Табановце.
Кумановец прободен со нож во вратот Кумановец е прободен со нож во вратот, по расправија со свој сограѓанин.
ЦИД ќе избира најдобра бизнис идеја Центарот за меѓукултурен дијалог во рамки на проектот 'е-регион: можност за развој', распишува конкурс за претприемачки иницијативи 'Мојата бизнис идеја'.
Кумановка незаконски градела станови С.П.(61) од Куманово градела објект, спротивно на она што и било предвидено со документацијата.
Кумановци задоволни од Мој термин Пациентите од Куманово се во групата на граѓани кои се задоволни од функционирањето на системот Мој термин.
Изложба на носии од повеќе етнички заедници Во Уметничката галерија синоќа беше отворена изложбата „Спој на културните различности преку носијата“.
Земјоделците да се фокусираат на органско производство Земјоделците да се фокусираат на органско производство и да ги искористат поволностите кои државата ги нуди.
Кумановци пред казино истепале сограѓанин Кумановец заедно со уште две непознати лица, пред казино истепал сограѓанин.
Систем капка по капка од УСАИД во Лопате Фармерот Мендуљ Фетаи од село Лопате доби систем капка по капка , преку проектот за експанзија на мали бизниси на УСАИД и кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Чавков:Нападот во Куманово е изолиран случај Терористичкиот напад во Куманово на 9 и 10 мај беше изолиран случај, кој не доби поддршка од локалното население, изјави министерот за внатрешни работи , Митко Чавков при денешната посета на Полициска станица Куманово.