Гореше сува трева во населбата Зелен рид Запалена сува трева вчера гореше на улица “АВНОЈ“ во населбата Зелен рид.
Ваши писма: Агонија на мојата генерација Се прашувам дали само јас ја чувствувам агонијата на мојата генерација и со овој текст сакам да потсетам на приказните на постарите сограѓани за секциите и клубовите кои имале можност да ги посетуваат во "нивно време"
Догодина нов Ургентен центар во Куманово Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека Куманово во 2016 година ќе добие нов Ургентен центар, во чиј состав ќе бидат и хируршката амбуланта и интерното одделени, кои сега се наоѓаат во катастрофална состојба.
Службата за трансфузиологија во нов објект Службата за трансфузиона медицина, која работи во кругот на Општата болница во Куманово, доби нови реновирани простории.
Денот помина во знакот на поезијата Во просториите на Гимназијата “Гоце Делчев“, триесетина ученици и неколку поети читаа поезија по повод 21 март-Светскиот ден на поезијата.
Близу 400 таксисти положија испит за такси возачи Вкупно 375 таксисти од Куманово се здобија со сертификат за авто такси возач откако го положија стручниот испит.
Работилница за влијанието на жените во политиката Невладината организација Реактор организира работилница на тема “Влијанието на жените во политиката на локално ниво во Македонија“, во просториите на општина Куманово во понеделник во 11 часот.
Англиски професори ќе ја истражуваат Костоперска карпа Англиски универзитетски професори и археолози од Музеј Куманово, во наредните четири години ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа во селото Младо Нагоричане.
Бомба пукна под автомобилот на соседот Експлозивна направа го разнела автомобилот со швајцарски регистаски таблички на улицата “Вардарска“ во центарот на Куманово, тврдат соседите.
Извршена дератизација во домот на заболената од туларемија Хигиено-епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска изврши дератизација во училиштето и во домот на жената од Опае, заболена од туларемија.
Експлодира автомобил на “Вардарска“ На улица “Вардарска“ во центарот на Куманово, во два часот утрово оштетени се два автомобили од експлозивна направа.
Огранок на „Српски вез„ во Старо Нагоричане Културно уметничко друштво „Српски Вез“ ќе има свој огранок во општината Старо Нагоричане.
Признанија за кумановските крводарители Црвен Крст Куманово додели признанија и благодарници на редовните крводарители, кои дарувале крв по 5,10,25 ,50 и 75 пати, заклучно со 2014 година.
Кампања на „Водовод“ за рационално трошење на водата По повод 22 март - Светскиот ден на водата, јавното претпријатие “Водовод“ ќе започне кампања за подигање на свеста кај граѓаните за рационално трошење на водата.
Утре ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата Во Гимназијата “Гоце Делчев“ утре во 11 часот, со литературно читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата.