Грантови за иновативна бизнис идеја Компаниите можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој, за добивање на грантови до 30.000 евра за нов производ или иновација.
Се реновираат тоалетите во Општата болница Куманово Се реновираат тоалетите и санитарните јазли во Општа болница Куманово. За таа намена ќе бидат потрошени 7 милиони денари.
Акција за помош на сиромашно семејство Волонтерите од Црвен Крст Куманово ќе собираат хуманитарна помош, за сиромашно семејство од населбата Доброшане.
Се подготвува обвинение за смртта на Петар Милошевски Една година по сообраќајната несреќа во која загина познатиот голман и директор на фудбалската репрезентација Петар Милошевски, во Основниот суд Куманово се уште не е подигнато обвинение.
Почнува изградбата на гасоводот од Клечовце до Штип Руска компанија од утре ќе почне да го гради гасоводот Клечовце-Штип.
Сто шеесет кумановски пензионери на туристички викенд Вкупно 163 кумановски пензионери ќе одат на бесплатен туристички викенд на трошок на државата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Пожарникарите им помагаат на жителите од завеаните села Пожарникарите од Противпожарната единица во општина Старо Нагоричане, деновиве се во обиколка на завеаните села, за да помогнат на населeнието.
Висока реализација на општинскиот буџет Општина Куманово лани најмногу пари потрошила за плати на администрацијата, кредити и тековно работење, како и за помални капитални инвестиции, пред се изградба и реконструкција на улици и фекална и атмосферска канализација, реконструкција на училишта и друго.
“Куманово-паркинг“ со добивка ја заврши 2014 година Јавното претпријатије “Куманово-паркинг“ со добивка ја завршило 2014 година, тврдат од претпријатието.
Се запали подрум во семејна куќа над Соколана Изгоре подрум во семејна куќа на улица “Косовски бригади“, над Соколана.
Централен регистар ќе прима годишни сметки во сабота и понеделник Централниот регистар во сабота и понеделник од 8.30 до 16.30 часот ќе врши прием на годишни сметки за 2014 година, бидејќи рокот за самостојни вршители на дејност истекува во недела.
Електронски увид во книгите во библиотеката Читателите по електронски пат можат да направат увид во книгите со кои располага Градската библиотека “Тане Георгиевски“, на веб страната на Виртуелни библиотеки на Македонија www.vbm.mk.
Две претстави за месецот на франкофонија Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“, по повод месецот на франкофонијата, подготвуваат две театарски претстави на француски јазик.
Завеани и непроодни патишта во североисточниот регион Во североисточниот регион повеќе патни правци се завеани и сообраќајот е во прекин, стои во извештајот од Авто мото сојузот на Македонија.
Ќе светнат 2000 штедливи светилки во градот Во Куманово годинава ќе бидат поставени нови 2000 штедливи светилки.
Општините од регионот ќе работат проекти од рурален развој Општините од североисточниот регион заеднички ќе реализираат повеќе проекти за рурален развој.