Жителите на Нагоричане да поднесат барања за претрпените штети Жителите на општина Старо Нагоричане кои претрпеа штети при последните поплави, во архивата на општината можат да поднесат барање за проценка на штети.
Отказ за помлад инспектор во СВР Куманово Помлад инспектор од СВР Куманово минатат недела добил отказ.
Продолжува изградбата на водоводната мрежа во Липково И годинава ќе продолжи изградбата на водоводната мрежа во општина Липково, проект кој го финасира државата.
Во кумановските училишта нема настава Во кумановските училишта денеска нема настава, откако синоќа Министерството за образование излезе со соопштение дека самоинцијативно директорите не можат да одлучат кога ќе ги одработуваат изгубените часови од штрајкот.
Министерство за образование: Сеуште не е одлучено кога ќе се одработуваат изгубените часови Министерството за образование и наука информира дека сеуште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде што во изминатиот период имаше бојкот на наставата.
Утре 646 Валентини во регионот ќе слават именден Во североисточниот регион има 646 Валентини и 24 мажи кои го носат името Валентин.
Гимназијалците утре ќе ја бојкотираат наставата Учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ за утре најавуваат бојкот на наставата, бидејќи неќат да одработуваат часови во сабота.
Најкорумпирани цариниците, судиите, полицајците и лекарите Цариниците, судиите, полицајците, лекарите и вработените во министерствата се најкорумпирани во државата, покажало истражувањето спроведено лани од повеќе невладини организации.
Италијански експерт ќе помогне при конзервација на Св.Ѓорѓи Италијанскиот експерт Симон Варак деновиве ја посети црквата Св.Ѓорѓи во село Старо Нагоричане, по што ќе даде препораки на кој начин да се конзервираат фасадните камења на црквата.
Регионален натпревар по математика во “Наце Буѓони“ Во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ утре со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи регионален натпревар по математика.
Во кумановско ќе се засадат милион садници Во кумановско-липковскиот регион годинава Шумско стопанство ќе пошуми 300 хектари земјиште, со еден милион садници од сопствениот расадник.
Кумановски носии на изложба во Скопје Во Чифте амам во Скопје во понеделник во 18 часот, ќе биде отворена изложба на ориентални носии, меѓу кои и од кумановскиот крај.
Средношколците од „Перо Наков„ не сакаат да учат во сабота Кумановските средношколци потпишале петиција со која бараат изгубените часови за време на штрајкот на просветарите, да не се одработуваат во сабота.
Ќе се дезинфицираат селските водоводи Водата од повеќето селски водоводи е бактериолошки неисправна и треба да се дезинфицира, препорачуваат од Центарот за јавно здравје Куманово врз основа на резултати добиени од направени анализи.
Се воведува комунален ред во градот Чување на добиток и живина во урбани средини, оставање на хаварисани возила и фрлање на отпадоци на јавни места, ќе биде минато во општината Куманово, бидејќи конечно е донесена Одлука за комунален ред во градот.
Семејство откри топла вода во бунар Во бунар на семејството Давитковски во Черкеско село, пред неколку дена се појавила топла вода.