×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дезинформација за притвор на градоначалникот на Василево, преземена од десетина портали без проверка

    16.07.2020 18:56 | KumanovoNews

     Пишува: Ване Трајков

    Дезинформација за притвор на градоначалникот на Василево, преземена од десетина портали без проверка

    Веста објавена во Инфомакс на 14.07.2020 под наслов ,, Определен притвор за градоначалник и уште еден струмичанец поради делење на предизборен потпуп?’’ е дезинформација и манипулира со цел да се дискредитира градоначалник од редовите на владеачката СДСМ, и тоа во преидзборен молк. Порталот уште во самиот наслов констатира без да ја провери информацијата од ниту еден релевантен извор и го навлекува читателот на погрешна вистина.

    Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и по лицето Лазо Кутуровиќ-Д’лгио поради давање на преидзборен поткуп во Василево и општините кои гравитираат околу Струмица.

    Оваа дезинформација за неколку минути беше преземена од најмлаку десетина други портали со сензационалистички наслови, со надополнување на веста дека „Јавен обвинител веќе определил мерка притвор за двајцата“. Притоа преземањето е направено без проверка, но дел од медиумите по неколку часа ја повлекоа веста без никакво образложение.

    Веста за ,,наводниот’’ притвор  ја демантираше дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на својата официјална ФБ страна. Демант стаса и од СВР Струмица од каде апелираа до медиумите да не изнесуваат невистини во предизборен период

    Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина Василево, ве известуваме дека таква мерка „притвор“ не е определена спрема посочените лица, туку на истите им е врачена покана заради обавување на разговор и давање потребни известувања, стои во соопштението од СВР Струмица

    Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев за Вистиномер изјави дека не било првпат да биде оцрнет и дискредитиран од одредени портали без да се слушне втората страна на приказната. Тој негираше дека бил приведен и дека тоа е директен атак врз неговата успешна работа

    Запрепастен сум од жестината на нападите и клевети, за кои сметам дека е апсолутно апсурдно да ги коментирам и во овој специфичен период да подгревам нечии страсти. Најодговорно тврдам дека т.н информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро, изјави градоначалникот Јанев, кој подвлече дека разрешницата ќе ја бара во рамките на институциите.