×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мрежи на тенденциозни лаги за Таравари и Мукоски креирани од „новинари“

    22.07.2020 20:20 | KumanovoNews

     Пишува: Ардит Рамадани

    Мрежи на тенденциозни лаги за Таравари и Мукоски креирани од „новинари“

    Рецензираните вести извираат од синџир на лажни вести за една иста тема. Пред три недели мегафоните на разни политички партии почнаа да шират измислици дека  “Tаравари му доделил на Мукоски тендер во вредност од 700.000 евра”.

    Првата вест е пренесена од неколку портали и во насловот се тврди дека Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, му доделил на Мукоски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тендер во вредност од 700.000 евра.

    Tаравари му доделил на Крсто Мукоски од ВМРО тендер во вредност од 700 илјади евра, причинителот за претепувањето на Зијадин Села, стои во насловот на веста што ја рецензираме, објавена на 06.07.2020.

    Меѓутоа, иако во насловот се тврди вакво нешто, па дури се спомнува и една трагедија каква што беше она на 27 април, во содржината на текстот се објаснува дека тендерот и е доделен на компанијата која ја води вујкото на Мукоски, и тоа во време кога Таравари бил министер за здравство.

    „Генералниот секретар на Алијансата за албанците, Арбен Таравари во времето кога беше на позицијата на Министер за здравство, му доделил тендер и со неколку трансакции му платил 43 милиони денари или вредност од 700 илјади евра на вујкото на Крсто Мукоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април 2017-та година ги отвори вратите за насилните демостранти кои потоа го претепаа скоро до смрт токму лидерот на Алијансата за албанците, Зиадин Села“ се објаснува во продолжение на веста.

    Втората вест е објавена од еден портал кој во јавноста е познат како мегафон на партијата Демократската унија за интеграција (ДУИ), и за да ја потврди првата измислица, „новинарот“ сега тврди дека во знак на благодарност, Мукоски му подарил гласови на Таравари.

    Mукоски го наградил Таравари со 7 гласови, стои во насловот на рецензираната вест.

    За да го докаже тоа, „новинарот” на „Тетова Сот“ употребил скриншот од страната на Државната изборна комисија (ДИК), каде што се гледа како коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во Вевчани освоила 7 гласови. Мало потсетување дека Мукоски потекнува од оваа општина.

    Mукоски откако го доби тендерот од страна на поранешниот министер за здравство, Таравари, за време кога тој беше на власт со ДУИ и СДСМ, сега му го враќа долгот со гласови. Во Изборната единица број 5 во Вевчани, АА освоила 0.52 % што во гласови се 7, пишува авторот на оваа вест.

    Гласањето е тајно и новинарот не смее јавно, преку вест да покажува со прст кон една одредена личност, велејќи дека „овој гласал за него“ затоа што тоа може да се смета како напад врз еден демократски процес како што е гласањето.

    И во првата и во втората „вест“ јасно се гледа дека „новинарот“ максимално се потрудил да манипулира со чувствата на читателите, прво со спомнувањето во неколку наврати на случувањата од 27 април, каде што осомничен за отворањето на вратите беше Мукоски, и второ покажувајќи со прст кон коалицијата „Сега е време“, со идеја дека овие две партии добиле поддршка и од Македонците. На тој начин ги прекршил членовите 1., 10. и 14 од Кодексот на новинарите.