×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Противници на вакцина што (сè уште) не постои

    26.06.2020 20:36 | KumanovoNews

    Пишува: Весна Коловска

    По смртта на претседателот на РК „Преспа“, Илче Котевски, кој почина од Ковид-19, познатата македонска пејачка Тања Ксена Царовска излезе со емотивна реакција на Фејсбук, каде изнесува неточни информации и теории на заговор.

    Противници на вакцина што (сè уште) не постои

    Царовска, која е позната по своите ставови против вакцинацијата, предизвикувачот на Ковид-19 – коронавирусот, го става во наводници, што остава доза на соменевање во причината на смртта или постоењето на вирусот, кој досега однесе 492.000 животи во светот.

    Царовска потоа прашува:

    Зошто ставаат на респиратор млад човек кога јасно е дека никој не куртулил од респиратор, дека сите починаа од тромб?

    Во Македонија веќе има неколку луѓе, болни од Ковид-19, кои се тргнати од респратор и излекувани.

    Во земјава се користат протоколи во лекувањето применети од Светската здравствена организација (СЗО), вклучувајќи и поставување на респираторна машина на најтешко болните. Д-р Игор Балевски, шеф на Интервентна кардиологија во болницата во Марибор, Словенија и едукатор, кој дојде две недели на помош на македонските лекари, објаснува:

    Во држави кај што е развиен здравствениот систем, интензивните лекувања се најважни и најтешки. Затоа што, и покрај сè, и во врните институции, во врни центри, преживувањето е лошо. Пациент со белодоробна инсуфицинција останува две-три недели на респиратор, изјави д-р Балевски во емисијата Топ тема на ТВ Телма (08.06.2020).

    Светски експерти во изјавите за „Гардијан Австралија“ потврдуваат дека респираторните машини се клучни во лекувањето на пациентите со белодробна инсуфиценција, а недостигот ќе ги доведе животите во опасност.

    Причината за оваа криза е затоа што без вентилаторите, пациентите ќе умрат, вели професорот Дејвид Стори, заменик директор на Центарот за интегрирана критичка нега на Универзитетот во Мелбурн и персонален анестезиолог во болницата во Остин.

    Конечно, респираторните машини се користат за потешките случаи на Ковид-19 ширум светот, односно насекаде. Тоа е факт кој е нашироко познат и во сите земји можат да се најдат медиумски содржини на оваа тема.

    Понатаму во постот Тања Царовска прашува и воедно одговара:

    Зошто наеднаш во Ресен “се разбукти” короната кога цело време до пред недела-две немаше ни еден регистриран случај?

    До 10 јуни Ресен беше единствениот град во Македонија без случај на заболен од ковид. Градот по три месеци стана жариште на вирусот по семејна прослава на празникот Спасовден.

    Првите случаи во Ресен потекнуваат повторно од семејна прослава. Заседаваше Кризниот штаб и беше донесена одлука заедно со компаниите каде се вработени близу 600 луѓе следните 10 до 14 дена да не одат на работа за да се спречат контакти и ширењето на вирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче. (прес конференција, 17 јуни, РСЕ)

    Царовска во постот вели: „Е па другари, како зошто, треба да се всади страв в коски и луѓето да сакаат да се вакцинираат од страв. Инаку ќе им пропадне планот со вакцините, никој нема да сака. Оние што го праќаат протоколот за лекување од седиштето, тие просперираат од смрт. Тие сакаат смрт, тие доживуваат екстаза на смрт на невини, немоќни луѓе“.

    Вакцината засега, според СЗО, е единствената алатка во рацете на човештвото против вирусот. Најразвиените држави интензивно работат на развој на вакцина против корновирусот, а во април годинава светските научиници се обединија во единствена, глобална иницијатива.

    СЗО објави изјава во која над 130 научници, факултети и институти од целиот свет и земји како Германија, Италија, Шведска, САД, Австралија, Велика Британија, Кина, Канада и други, се обврзуваат да работат на вакцина за општа употреба, како „инструмент за контрола на пандемијата“.

    Додека за вакцина за општа употреба е потребно време да се развие, таа на крајот може да стане главната алатка за контрола на оваа глобално распространета пандемија (…) Ние ќе ги продолжиме напорите да се засили досега невидената глобална колаборација, соработка и споделување на податоци, активности кои веќе се практикуваат и кои се во тек, стои во изјавата од научниците.

    Статусот на Тања Царовска предизвика интерес на социјалните мрежи. До објавувањето на оваа рецензија тој има 275 реакции и околу 130 коментари, а споделен е 20-ина пати.

    Таа на својот Фејсбук профил се обидува дополнително да ги зајакне искажаните тврдења и на едно место објавува „документ“ , чиј извор е нејасен и за кој таа вели дека содржел „докази“. Но, кога ќе се отвори „документот“, веднаш се забележува дека станува збор за збир на медиумски написи од најразлични извори меѓу кои има и угледни медиуми, но и крајно сомнителни, како и написи на кои не им се знае изворот.

    Првиот напис, на пример, тврди дека коронавирусот бил предвиден во популарни ТВ серии, филмови, музички албуми, песни, концертни настапи на музички ѕвезди и слично. Има и написи кои се занимаваат со симболизмот на бројките, кој се користи како доказ. Па, така, за бројката од 33 починати лица, кој ја има на некој знак, кој, пак, го покажува различни бројки за движењето на епидемијата, се вели дека бројот 33 бил „највисок статус кај слободните масони“ и слично.

    Дури и кога се цитираат видни извори, тоа се прави на манипулативен начин, односно се цитираат текстови од февруари или март кога имаше многу грешки во известувањето, затоа што стануваше збор за нов и непознат вирус за чие однесување и аспекти никој немаше проверени и сигурни информации. Се посочува, на пример, информацијата, објавена во многу медиуми дека лицата кои немаат симптоми се ширители на болеста, но неодамна СЗО објави дека за тоа нема документиран доказ. Арно ама, ова не беше познато пред неколку месеци.

    Како доказ за заговор се користат изјави и написи, исто од пред 3-4 месеци, кои велат да не се користат заштитни маски, но не се кажува дека причината за ваквите изјави на видни стручњаци тогаш беше фактот што во болниците имаше недостиг од ваква опрема и дека беше најважно заштитните маските да не им се земаат на оние на кои им се најпотребни – медицинскиот персонал. Сега, кога производството на заштитни маски и друга заштитна опрема е значително зголемено и кога оваа опрема ја има во доволен број, експертите инсистираат сите да носат маски.

    Токму за да нема вакви злоупотреби, сите аргументи и докази искористени во оваа рецензија се од понов датум, односно се актуелни. Она што е, сепак, најважно, тоа е фактот што сите написи во овие документи немаат научна подлога, не се водат од научна методлогија и не ги содржат најновите информации што овозможува манипулирање со нив, а со тоа и со јавноста.