×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев не е „виновен“ за евентуалната регистрација на Самоопределување во Северна Македонија

    20.07.2020 11:41 | KumanovoNews

     Пишува: Ардит Рамадани

    Заев не е „виновен“ за евентуалната регистрација на Самоопределување во Северна Македонија

    Во рецензираната вест е употребена техниката на манипулација, со тоа што на копираната вест од Mиа.мк на манипулативен начин и е сменет насловот, и со тоа и целиот нејзин контекст, се со цел еден политичар да се прикаже во лошо светло.

    Насловот на оваа вест е целосно манипулативен и преку него се „обвинува“ лидерот на СДСМ за нешто со кое тој нема никаква поврзаност.

    Насловот на рецензираната вест вели:

    Благодарејќи на Заев, по успехот на албанците, Движењето Саоопределување од Косово ќе се легитимира како политички субјект во Северна Македонија.

    Колку за информација, Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување, пред неколку месеци најавил дека  ќе отвори седиште на Движењето во Скопје, оставајќи ја на овој начин отворена можноста за формирање на нова политичка партија во Северна Македонија.

    Меѓутоа, доаѓањето на овој политички субјект во нашата земја нема никава врска со ниту еден одреден политичар, уште помалку со Заев, кого Курти не го спомнал во ниту еден момент при најавата за неговото доаѓање во Северна Македонија.

    Вака изјави Курти во јуни оваа година во неговиот говор одржан на митингот по повод 21 годишнината на ослободувањето и 15 годишнината на Самоопределување:

    На 5 годишнината, на 12 јуни 2010 година најавивме дека освен вонинституционално, ние ќе се ангажираме и од внатре. На 15 годишнината, освен во Република Албанија, ние ќе започнеме и со иницијативата за формирање на Самоопределување во Северна Македонија.

    Авторот на рецензираната вест поврзал две неповрзани работи за да постигне една одредна цел која обично само самиот автор ја знае, при што употребил една манипулативна техника позната на јавноста и која се спомнува и во Прирачникот на КриТинк.

    За да ја прикаже веста што поверодостојна, авторот уште на самиот почеток го истакнал изворот, односно новинската агенција “Миа.мк”, имајќи предвид дека таа ужива голема доверба од читателите. Меѓутоа, тој го сменил насловот на веста при што го сменил и самиот контект на текстот.