×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе направам концерт и во Спортската сала

    03.01.2010 23:00 | KumanovoNews

    За настапот во Новогодишната ноќ, хрватската поп-ѕвезда Северина во Куманово дојде со својот свршеник Славко Шаиновиќ, сопственик на фитнес центар во Ријека. Сексипилната Севе од Куманово ги демантираше хрватските весници кои пишуваа дека со Славко раскинала пред католичкиот Божиќ.

    Ќе направам концерт и во Спортската сала

    Тој беше постојано во нејзинито друштво. Додека се шетаа низ Куманово се држаа за раце, а кога седнаа на кафе во едно кафуле често си дошепнуваа. Природна и љубезна, Северина со задоволство прифати да одговори на неколку прашања за KumanovoNews.

    Северина ВучковиќШто беше пресудно да дојдете за Нова година во Куманово со оглед на тоа што хрватските медиуми пишуваа за Вас дека нема кој да ве плати?

    Не е баш така. Медиумите ги зголемуваат работите. Дојдов, затоа што моите пријатели ми кажуваа многу убави работи за Куманово. Ми рекоа дека тука се одржуваат најубавите журки. Се радувам на оваа гостување затоа што сакам да ги посетам местата на кои досега не сме свиреле. Се гледа дека луѓето се срдечни, гостопримливи и дружељубиви. Се надевам дека овој концерт ќе биде увертира за понатамошната соработка. Би сакала да направам концерт во Спортската сала, сличен на концертот во белградска Арена, со танчери и видео бим.

    Кумановци очекуваа да видат мини здолниште, а избравте црни хеланки и чизми. Зошто ги разочаравте мажите во публиката?

    Мислев дека ќе биде ладно и дека ќе има ниски температури, но изгледа дека се згрешив што не понесов мини здолниште. Мислам дека им се допаднав и вака и ги освоив со мојата насмевка.

    Најавивте дека ќе снимите турбо-фолк албум. До каде се подготовките?

    Јас само се шегував. Сега гледам колку луѓето изгубиле смисла за хумор кога таа моја изјава ја сфатиле сериозно. Турбофолкот не е само музика, тоа е и начин на живот, а јас не припаѓам таму. Мене ми е блиска далматинската музика и ќе останам во тој правец.

    Северина ВучковиќЌе продолжи ли соработката со Горан Бреговиќ?

    Секако дека ќе продолжи. Бреговиќ е единствен и незаменлив за музиката која ја работи.

    По празниците заминувам во Белград и почнувам да работам на новиот албум и да видам што ми имаат подготвено Горан и Марина. Треба да преслушам неколку песни па ќе видиме што ќе избереме.Бреговиќ постојано ме тера да работам, но јас бев малку мрзелива и чекав да се изврти предходниот албум за кој мислам дека дури сега го достигна врвот и допре до публиката. Уште кога го снимив некои мои колеги ми кажаа дека не се прима на првото слушање, туку после неколу вртења. Тоа и се оствари.

    Што има ново на приватен план. Ќе има ли свадба во Новата година?

    Како што и е познато на публиката со мојот дечко Славко сме заедно година и пол и вака ни е убаво. Ништо не планираме однапред, но никогаш не се знае. Венчавка и некаков лист хартија ништо не значат кога двајца се сакаат. Среќна сум и засега ништо не би менувала. Јас веќе имав венчавање, но на промоцијата на мојот албум.