×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горда сум на Кокино

    17.11.2013 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст

    Горда сум на Кокино

    1. Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Неблагодарно е да кажам што не ми се допаѓа во градот во кој живееам. Само ќе потенцирам неколку места кои ми се допаѓаат помалку од другите места и би сакала да бидат реновирани. Не ми се допаѓа Автобуската станица која не е реновирана последниве неколку децении. Старите автобуси и искршените столчиња во чекалните даваат многу лоша слика на автобуската станица. Големиот хаос во сообраќајот е уште една работа што помалку ми се допаѓа во нашиот град.

    2. Што би смениле во градот?

    Кога би можела да сменам нешто во градот најпрвин би сакала хигиената во градот да е на високо ниво и да се постават канти за отпад низ целиот град. Исто така би сакала да има повеќе места за забава за младите. На булеварите би сакала да се постават лежечки полицајци за да може да се регулира сообраќајот во градот и да нема жртви.

    3. Каде ќе пошетате гостин кој првпат доаѓа во Куманово?

    Едно од најубавите места според мене во Куманово е опсерватијата Кокино. Сигурна сум дека оваа место ќе му се допадне на секој човек. Исто така пријателите би ги прошетала и на Градскиот кеј и Градскиот плоштад во Куманово. Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце кој се наоѓа на неколку километри од Куманово е од големо значење за нашиот град и многу сум горда што се наоѓа во близина на мојот роден град.

    4. Што не би покажале на пријател кој првпат доаѓа во градот?

    Многу е јасно дека местата кои ги набројав дека помалку ми се допаѓаат не би ги покажала на пријателите кои за првпат ќе го посетат Куманово. Лоша е сликата на ископаните улици и тротоари, како и отпадот расфрлан околу корпите за отпад и депонијата за отпад која се наоѓа на неколку километри од Куманово.

    5. По што Куманово е посебно  и по што се разликува од другите градови?

    Како мој роден град би кажала дека Куманово од другите градови се разликува по многу работи, првенствено по граѓаните. Кога ќе кажам дека сум од Куманово пред луѓето од другите градови најчесто ја слушам интересната фраза "Ооо куде сте бре Кумановци“.