×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е познато по вкусни специјалитети, дијалектот и гостопримливоста

    07.05.2015 22:00 | KumanovoNews

    Куманово е познато по вкусни специјалитети, дијалектот и гостопримливоста

    Куманово е познато по вкусни специјалитети, дијалектот и гостопримливоста

    Што не ви се допаѓа во градот?

    Куманово е мојот роден град, прекрасен град со многу знаменитости, но морам да кажам дека хигиената е на многу ниско ниво, за што општината и граѓаните мораат да обрнат поголемо внимание. Треба да се реши проблемот со паркинг просторот, и улиците се многу тесни. Во Куманово и генерално во Македонија не ми се допаѓа тоа што луѓето се без работа. За нив треба да се направи нешто. Да се рестартираат фабриките “Чик“, “Монопол“, “Житомел“. За невработените би требало да се направат некои обуки за преквалификација или преку проекти да се најде за нив некој ангажман или вработување.

    Што би смениле во Куманово?

    Пред да променам, првин би додал многу работи како што се: кино, дискотеки, паркови, патеки за велосипедисти, шеталишта, базени и ред други работи, кои му недостасуваат на градот. Стариот парк кај стадионот е многу убав и треба да се среди.  Хотел “Куба“ и Кумановска бања се едни од најубавите места, но ако не се преземат мерки, тоа место ќе продолжи да пропаѓа. Кога сме кај промените мора да се поправат старите фасади кои се во фаза на распаѓање.

    Каде ќе прошетате гостин кој прв пат доаѓа во Куманово?

    Сигурно би ги прошетал низ центарот на градот, на плоштадот,  каде ситуацијата е добра, и би ги однел во некое ново отворено кафуле. Исто така би ги прошетал во околината на Куманово на повеќе места како што е Кокино, Пелинце, село Старо Нагоричане за да ја видат црквата Свети Ѓорѓи. Во Куманово би ги одвел во старата и новата црква.

    Што не би покажале на пријател кој прв пат доаѓа во градот?

    Место кое не би го покажал е реката Кумановка, која е запуштена и е полна со отпадоци. Истото важи за населбата Средорек и за Автобуската станица која остава многу лош впечаток.

    По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Секој град има своја приказна за себе, така и нашето Куманово. Тој се разликува од другите градови по вкусните специјалитети, дијалектот, културата и гостопримливоста на кумановци. Градот е прекрасен, но мора да се променат некои работи, по што би станал совршен.

    Дарио Королија, фотограф во фото клуб “Куманово“