Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово е различно по менталитетот на луѓето кои се специфични во секој поглед, со интересна смисла на хумор, интересен дијалект со еден збор - КУМАНОВЦИ.- смета Дарко Станојковски раководител на Одделение за информирање и односи со јавност во Општина Куманово
Многу е тешко да се каже што не ми се допаѓа во Куманово, но ајде ќе набројам неколу работи кои што ми се допаѓаат помалку од другите. На прво место би ја издвоил запуштеноста на некои објекти кои се од културно и историско значење за Куманово и кумановчани, а кои поради низа на околности се препуштени на забот на времето. Како пример ќе ги посочам зградта на Соколана и Спортската Сала во Куманово. Овие два маркантни објекти, некогашни репрезенти на Куманово, сега пропаѓаат и се препуштени на забот на времето, затоа што државата им избра концесионери кои не се достојни на нивната големина. Локалната самоуправа не е моќна тука да направи ништо додека приватни лица имаат договор за стопанисување со нив.
Искрено ништо не би менувал би оставил градот да се развува со оваа темпо и во оној правец во кој се развива во последните десетина години, бидејќи мислам дека она што е направено до сега е добра основа за брз и европски развој на нашиот град. Се изградија многу значајни инфраструктурни и деловни објекти кои создадоа услови за подобар и поквалитетен начин за живот на кумановци.
Без соменние прво место кое би го покажал и го покажувам е Градскиот Кеј т.е шеталиштето кое е направено со сите нишани, на второ место би го ставил Градскиот плоштад, неколку историски споменици се вредни за одбележување. Секако би ги напоменал и поставката на икони во Црквата „Св Никола„ и дел од природните убавини кои се во близина на Куманово, како меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце , Кокино и др.
Ова прашање е аналогно на првото прашање, па така да се она што кажав дека не ми се допаѓа се разбира дека и би се срамел да го покажам како дел од Куманово.
Куманово е различно од другите градови по табиетот и менталитетот на луѓето кои што живеат тука. Специфични во секој поглед, интересна смисла на хумор, интересен дијалект со еден збор - КУМАНОВЦИ. Градот како град е специфичен и по етничката застапеност која ја отлсикува етничката структура на Макеоднија. Во поново време Куманово прерасна во урбан центар со развиена инфрастурктура, интересен ноќен живот, полека прераснува во универзитетски град т.е имаме повеќе факултети кои сами по себе придонесуваат за подинамичен живот со кој се одликуваат многу поголеми метрополи на Балканот. Со еден збор убаво е да се живее тука.