×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Батко Ѓорѓија“ не’ манипулира

    Бобан Николовски

    За да реагира граѓанинот, пред се треба да биде објективно информиран и реално да е запознаен со состојбите кои произлегуваат од работата на локалната администрација. Во наше Куманово граѓанинот се запознава од градоначалникот и неговите соработници само онолку колку што тие мислат дека треба да се знае. Целта е да се пласираат само информации кои нема да предизвикаат револт кај граѓаните за потезите кои ги влечат и “проектите” кои ги “реализираат”.Стакленото општинско "звоно” за кое пишував минатиот пат беспрекорно функционира, а ние Кумановци,едвај дишеме од воздухот(информациите) што ни ги дозираат од локалната самоуправа.

    Во интерес на граѓаните на Куманово јас како советник ќе направам мала анализа на активностите и “проектите” на градоначалникот и СДСМ што ги презедоа само во последниов месец. Вие самите проценете колкав бенефит или штета ќе имате?!

    Ќе одиме по ред. По невремето кое пред еден месец го зафати Кумановско, локалната самоуправа формираше само три комисии кои надве-натри на лице место вршеа проценка на штетата. Секоја капка пот и сечиј труд треба да се вреднува исто, независно од тоа кој за кого гласал.Но, во овој случај целата постапка изобилувала со многу аномалии, а штетата од неправилното, неажурно и селективно работење на локалната самоуправа падна на грбот на земјоделците. Поради кратките рокови и лошото информирање тие не успејаа да ги поднесат своите документи правовремено. Земјоделците останаа неинформирани за целата пероцедура бидејќи немаа можност да го прочитаат соопштението на локалната телевизија каде било емитувано, затоа што таа воопшто не зрачи своја програма во регионите кои беа зафатени од невремето. Соопштението воопшто не игра никаква улога во информирањето на оние кои навистина требале да знаат, туку повеќе е алиби за локалната самоуправа. Баш поради ова голем дел од земјоделците ќе останат без обештетување. Земјоделците нека размислат зошто и поради кого?

    Вториот “проект” на градоначалникот и на СДСМ чиј “бенефит“ сега го чувствуваме е наплатата за паркирање во центарот на градот. И тоа 30 денари за час. Ваквиот начин на решавање на проблемот со сообраќајниот метеж оди на штета на граѓаните. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата секогаш ќе стои и ќе ги брани интересите на граѓаните на Куманово. На последната седница на Советот не сакавме да гласаме за "проект" кој никогаш не смееа ни да го споменат, а сега го реализираат. Градоначалникот игра на картата дека народот има кратко паметење, а има уште доста време до наредните локални избори.Епа,почитувани од СДСМ, граѓаните до изборите ќе ги потсетуваат секои 30 денари што ќе ги дадат за еден час паркирање за лажните ветувања кои не ги остваривте, но и проектите на кои никој не се сеќава дека ги ветивте пред изборите, кога ги баравте гласовите на Кумановци. Ќе се размислат сега Кумановци и за многу други работи за кои попатно мислеле дека не ги засегаат лично и ги занемарувале, па онака по навика можеби го давале својот глас.Но сега, секој ке се  замисли и ќе се запраша за што гласал на локалните избори и дали можеби е изманипулиран или излажан од некого.Вреди да се размисли почитувани сограѓани. Нема да чини ни 30 ден, колку што е еден час паркирање во градот?!

    На сето она што се случуваше само во последните 30 дена, како шлаг на торта треба да се додаде идејата на градоначалникот во најскоро време да се зголеми цената на водата. Кумановци и онака плаќаат една од најскапите цени за вода во државата, и тогаш дефинитивно  треба да се запрашаме во чиј интерес работи градоначалникот, и чии интереси како мнозинство штити советничката група на СДСМ.

    Водата во градот ќе поскапи исклучиво за да се спасува ЈП „Водовод„ кое со години пропаѓа затоа што со него се менаџира лошо,неодговорно и во најмала рака погрешно.Јавно претпријатие кое продава вода е пред колапс и сега граѓаните треба да го спасуваат. Спасот треба да се бара во смената на целата раководна структура што со години го води претпратието во колапс.Не може и не смее данокот на самобендисаност и носењето погрешни решенија на кадрите на Сдсм (сегашни и минати) да го плаќаат Кумановци од својот џеб.Не може и не смее вработените, ни криви ни должни(само вешто изманипулирани) да немаат плата и здравствено осигурување.Нека се подзамислат сите предизборно вработени во претпријатието што им е ветено, што им се случува, а што ке им се случи.

    И како за крај почитувни сограѓани, да го замолиме градоначалникот, подобро да не превзема ништо за нас кумановцани, бидејки корист од ”проектите” што ги превзема сигурно не ги чувствуваме ние граѓаните. Затоа се прашувам,кој тогаш има корист од ваквото негово владеење ако тие што го избраа немаат?

    А додека да ги смениме работите на подобро,бидете сигурни,ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината ќе ги брани вашите интереси и нема да дозволи копија од “Батко Ѓорѓија” да ги крои нашите судбини. Редовно ќе ве информираме за настаните кои понекогаш Ви се чинат толку небитни, а всушност се клучни преку влијанието кое го имаат врз вашиот начин на живот. Тоа имаме обврска да го правиме бидејки вие не избравте нас…. Но и градоначалникот!

    Кооординатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово

    Бобан Николовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*