×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Канделабра

    Милош Стаменковиќ

    Конечно ВМРО-ДПМНЕ во Куманово направи одличен маркетинг на социјалните мрежи. Канделабра со специјална дополнителна опрема, доведе до наплив на креативност кај опозицијата.

    Следниот ден, на плоштадот Маршал Тито, видов и скршена канделабра. Положена во хоризонтална положба. Без никакво сомнение овој нов феномен станува проблем, од прва категорија, во градот. Тендите се веќе минато. Постои и непотврдено мислење дека проблемот со канделабри се совпаѓа со проблемот со комарци во Скопје. Некои теоретичари на заговори велат дека тоа е масло на СДСМ за успешен референдум. Поточно, дека се работи на проект осмислен од страна на Димитриевски и Шилегов, да го импресионираат шефот на партијата. И двајцата занесени од еуфоријата на успехот од „Ваучери за фајронт„ и „КБР споменик во Куманово“.

    Секој има право на сопствено мислење. Во секој случај се покажа дека социјалните мрежи имаат немерливо поголемо влијание од застарените кампањи, од типот „да тропнеме на секоја врата“ или делење запалки и календари.

    Но, и во оваа ФБ политичка битка има недостатоци, кои можат да одат во прилог на обвинетата страна. Како прво, од приложената слика може да видиме дека причина за рушење на дотична направа, која според говорот на градоначалникот е опрема за осветлување со техничка поддршка на ЕВН за трансформација на енергија, која со помош на струјни кола осветлува одреден простор, или преведено на народен дијалект станува збор за обична сијалица, е застареност и дотрајаност на истата. Имено, во основа се гледа корозија која е вистинска причина за падот на канделабрата. Со тоа Максим не може да биде одговорен, бидејќи процесот на корозија на ваков вид железо е повеќе од десет месеци, а дотичниот во тој временски период не е прв човек на Куманово. Така прозивката е упатена на погрешно место. Максо с`е знае, и не постои никаква шанса да не предвидел дека нешто може да се случи. Онаа што не му оди во прилог на градоначалникот, е неговата омилена теза за некултурни граѓани. Едноставно не може да ги обвини кумановчани, кои се според неговото мислење виновни за хаосот во градот. Тажно е што овој пат Максим не може да дели лекции, совети и да не образува што треба да работиме.

    Затоа најверојатно ќе ја употреби добитната комбинација:„Крив е Циц и лошата администрација од неговото време“. Втора грешка на кампањата на ВМРО е Архимед. Во прилог на моите обвинувања ја приложувам истата слика, на која од приложеното, може да се види дека „неспособната“ администрација која не е по желба на Максо, не го подржува законот на прочуениот математичар од Сиракуза. Туку се работи за поддршка на Њутн и гравитацијата.
    Првиот пост добро почна со Архимед и Њутн, но подоцна, најверојатно мислејќи дека сакале да го померат улично осветлување се задржале на Архимед. А очигледно потпорниот столб има функција да ја ослаби гравитацијата. Можеме да го замислиме како експеримент на Исак Њутн, во кој се монтира мрежа под дрвото со јаболки и плодот не може да падне на земја.
    Тука се јавува уште еден нерешлив проблем за Максим. Сепак администрацијата, поставена од Зоран Дамјановски, без пари и средства од Европска Унија, заврши работа и направи се канделабрата да не скрши глава на некој случаен минувач. Истовремено потврди научно дека гравитација е константа и непроменлива сила.
    Овој случај првично делува наивно, но во суштина кажува се што се случува последните десет месеци во Куманово. Поточно не се случува ништо, и кога ќе се случи е ефтина импровизација. Не постои идеја, знаење и кадар да се справи со најбаналните проблеми.

    ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата проблемот го лоцираат во првиот човек на општината. Обвинетиот градоначалник проблемот го гледа во градска администрација.

    Или кажано просто, во Куманово постои единствено еден проблем кој треба да се елиминира, единствено останува прашање да ли е проблемот администрацијата или Максим Димитриевски.

    Се уште има време да се најде решение. Одговорот е многу едноставен, или „неспособната“ и „некомпетентната“ администрација колективно да направи харикири и во ист ден да поднесе колективна одговорност, со масовно давање оставки, или „непогрешливиот“ градоначалник да признае дека е комплетно неспособен за функција која ја извршува, да се жртвува за добро на сите во Куманово, и да остане на „лепом плавом Дунаву“.

    Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*