×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победници и губитници

    Филип Јаневиќ

    Помина и тој фамозен 11 декември. По првото делење, да видиме што карти имаме на масата.

    Прво и најбитно, губитникот на овие избори е ДПМНЕ и ДУИ со цели 19 мандати и тоа 10 ДПМНЕ и 9 ДУИ од претходните избори. Овој резултат на Груевски му даде нова преговарачка позиција, овој пат видно ослабена. Во овој момент тој со две раце би прифатил широка коалиција со сите партии внатре во Владата, затоа што знае дека сам нема да формира Влада. Но да ги видиме сценаријата околу тоа.

    Околу начинот за формирање на новата влада доволно е да се прочита член 90 од Уставот кој гласи "Претседателот на РМ е должен во рок од 10 ден по конституирање на собранието мандатот да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат МНОЗИНСТВО во парламентот". Значи нашиот устав предвидува дека победник на изборите се партиите кои имаат во нашиот случај имаат обезбедено 61 пратеник во собранието. Теоретски ДПМНЕ со 51 и ДУИ со 10 ја имаат таа бројка. Но во ситуација кога ДУИ е преполовена поради дружбата со ДПМНЕ, а за 5 месеци ги чекаат локални избори на кои доколку уште еднаш коалицира со Груевски ризикува воопшто и да нема партија, тогаш со среќа нека им е коалицијата ама се плашам дека тој филм нема да го гледаат. Во изминатите 10 години ДПМНЕ покажа дека неумее да владее без апсолутно мнозинство. Дури и по добивање во неколку наврати со 63 пратеника истиот мандат се прекинуваше со вонредни избори, распишувани токму од страна на ДПМНЕ. Можете ли да ги замислите сега со 51 пратеник. Во партија со воспоставена демократија да преговараш, да балансираш да имаш судир на концепти е норма, во режимска партија како ДПМНЕ норма е апсолутната контрола. И видите, на првите избори каде ДПМНЕ има ограничена контрола на изборниот процес, а не целосна како до сега, веќе тој систем почнува да трокира да не кажам крахира. Тое се случува кога сте алергични на базична демократија како ДПМНЕ.

    Проблемот кога јавате тигар е што не знаете дали може и вас да ве изеде. Така е и со играње на националистичката карта. Толку многу ДПМНЕ отиде десно во својата реторика, забегувајќи во фашизам, што сега нема капацитет да привлече партнер од албанскиот кампус за да формира влада. Преку играње на таа националистичка карта на така агресивен начин, ДПМНЕ сакаше да ја дефокусира генезата на нашата криза. Имено основата на македонската криза е крималниот начин на владеење на ДПМНЕ јавно разобличен преку бомбите, а не судирот на македонци против албанци. Делумично во тоа ДПМНЕ и успеа, но не доволно. Влегуваме во еден сензитивен период каде врвен приоритет е ДПМНЕ да остане надвор од власта. Влегување на ДПМНЕ во некаква широка коалиција би значело продолжување на кризата од кој опозицијата би имала најголема штета.

    Затоа велам дека падна во вода аргументот на ДПМНЕ дека брзи избори значат решавање на кризата во земјата. Изборите се само почеток кон решавање на кризата, чие времетраење е врзано со тоа колку ДПМНЕ ќе има капацитет да ги кочи промените кои доаѓаат.  Јасно е само дека правна разрешница, а не политичка е суштинско решавање на кризата. Таа трка кој ја водеше пред се Груевски со надеж дека политиката ќе го претрка правото уште еднаш, овој пат не запали.  Впрочем и првиот опозициски говор Груевски веќе го одржа пред ДИК. Нека му е за многу години.

    И на крај да не заборавам да прашам, како е кратенка од "Граѓани со драстично оштетени мозоци"?

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*