×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто ни треба настан како “Пикник во Пелинце” 2?

    Емил Ташевски

    Во денешно време, или време без никакви вредности, кога сѐ повеќе млади луѓе се забавуаат така што ќе одат на забави на кои некој ќе ги “млати” со патика и на нивните глави ќе става искината чорапа или боса нога, а средната генерација ќе оди на забави за кои мора да позајми пари само за да купи карта и стои на обична маса, група на ентузијасти веќе четврта година по ред организираат забава во нашиот град наречена “Пикник во Пелинце”.

    Она по што е различен овој настан од другите не е само музичката забава која ја нуди, туку и креативните работилници преку кои секоја генерација може да си го најде своето место, а пораката која самите организатори ја праќаат од година во година, не само мои сограѓани, туку и луѓето од другите наши градови, како и сѐ повеќе луѓе од соседните држави сѐ повеќе ја прифаќаат. Фестивалот не е веќе локален, туку регионален што придонесува многу за развој на културата за нашиот град. Наместо еден ден, сега трае два. Пикник во Пелинце го зема
    приматот на една симболична функција, а тоа е модерно и урбано Куманово.

    Дипломатски е да кажеш без да си правиш противници од било која страна е дека секој има право да си слуша онаква музика каква што си сака. Но, ајде барем малку да анализираме што нудат забавите кои се поврзани со турбо фолк музиката и каква порака тие праќаат. Најпрвин нивните текстови се далеку од етиката и кодексот на нормалното. Верувам дека на никој нормален човек нема да му е сеедно ако неговата жена, девојка, сестра или ќерка ќе се весели и пее текстови како што се: “Хеј момци у плавом имам лошу вест, позитивна биќу ја на
    алкотест”, “Хајде отпрати је куќи брзо проќи ќе нам ноќ...” или “Ја трезна нисам ноќима јер он ме очима провоцира”. Она што не е страно за ваквите забави, а е различно од оној вид на забава која ја споменав погоре се популарните ВИП места, специјализирани за оние кои во тој момент можат да издвојат најмногу кеш и со тоа истата вечер да имаат предност пред другите дојдени на истата забава. Во поново време гостите на тие ВИП места со флашата виски обавезно во текот на вечерта не пропуштаат да запалат пура која најверојатно ја имаат купено
    на некој кванташки пазар на која пишува дека е специјално од Куба. Блудничење, развратот и кичот се исто така составен дел од ваквите забави. Скапите автомобили, летните женски чизми, тиграстите шорцеви, енергетските пијалоци, сликите и видеата со полната маса на сепареата исто така е честа појава која ни ја нуди овој вид на забава. Да не ги заборавам и кривите погледи и тепачките заради напнатоста која ја предизвикуваат текстовите и самата музика.

    Ќе се навратам на фестивалот за кој ја почнав оваа колумна. Тие веќе се озбилна организација и мојата цел не е воопшто реклама на истиот. Но, таму јас минатата година бев со две и пол годишен син и бремена сопруга. Таму дете на мојата колешка беше дел на ликовна работилница организирана од самите организатори. Таму, минатите години немаше никаков инцидент, луѓето кампуваа, се забавуваа со своите домашни миленичиња, и ајде да не кажам
    скоро сите но 90% од присутните своите отпадоци ги фрлаа на соодветните места. Тоа за мене е доволен мотив за да дадам поддршка за вакво нешто кое му дава надеж на овој град дека не сите се дел од црно-сивиот шаблон кој го наметнува поредокот кој зема сѐ поголем замав.

    Како и во сѐ друго така и во оваа работа има луѓе кои ги посетуваат ваквите слични фестивали во соседството, а кон истиот гледаат со поглед на рамнодушност, но верувам дека истите тие многу бргу ќе ги сфатат вредностите кои ги нуди Пикник во Пелинце.

    Во мојата генерација немаше класни поделби. Ние викендите ги проаѓавме во природа со шатори и кебиња. Ја чувавме природата и не се восхитувавме на онаа што денес ни го наметнува големиот дел од општеството. И ништо не ни фалеше. Тоа е мојот мотив за да успеваат ваквите забави. Тие праќаат искрени пораки и што е најважно не ги делат луѓето по никаков основ.

    Ќе ја завршам колумната повторувајќи се себе си од пред 2 години. Да бидеме дел кој пркоси на неправдите наметнати од самиот систем. Систем кој е дерогиран и загаден од самопрогласени величини. Со вакви забави да се обидеме да изградиме систем и критична маса која размислува на поинаков начин.

    Се гледаме!

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*