Mицкоски објави дека опозицијата има ново собраниско мнозинство
05.11.2021 19:39
| Сузана Николиќ
Имаме ново парламентарно мнозинство. Ова пред малку на својот фејсбук-профил го објави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата објава е пропратена со заедничка фотографија со претставници на партиите Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.
„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее“, напиша Мицкоски.