×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минималната плата се зголеми на 20.175 денари

    13.03.2023 16:10 | Оливера Пешевска

     Mинималната плата да се зголеми на 20.175 денари, одлучи на денешната седница на Економско социјалниот совет на Владата .Тоа практично значи зголемување од над 12% на сегашната основна плата.

    Минималната плата се зголеми на 20.175 денари

    „Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари“, изјави претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

    Линеарно ќе се усогласуваат и платите на над 27.000 административни службеници и други сектори кои ги имаат усогласено колективните договори со Методологијата за постојан раст на минимална плата.

    Минималната плата не треба да биде мотив, таа треба да биде за најниското ниво на вработени.

    „Нашите работници мора да имаат повисоки плати, но мора да си ги заслужат и да ги одработат, а ние соодветно да ги наградиме. Но, мора да разговараме и во друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници и да имаме млади луѓе кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор и да живеат тука“, истакна претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајковска.