×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН:Oд денеска може да се аплицира за студентски оброк, ова се условите

    01.08.2021 11:21 | Сузана Николиќ

    Од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, мерка со која Владата и на МОН сака да го унапреди студентскиот стандард преку доделување на финансиска поддршка во месечен износ од 2400 денари за 9 месеци во годината.

    МОН:Oд денеска може да се аплицира за студентски оброк, ова се условите

    Министерството за образование и наука информира дека за субвенциониран студентски оброк можат да аплицираат сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија.

    Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:
    -да не се во редовен работен однос;
    -да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
    -да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
     
    Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво електронски, преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, каде пополнети и потпишани се прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. При аплицирањето, студентите задолжително да го погледнат и документот - Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк.

    МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

    Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.

    По истекувањето на роковите за пријавување, Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат, а средствата ќе им се префрлаат на трансакциските сметки на студентите чии апликации се прифатени, на почетокот на секој месец.

    Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

    Според пресметките, финансиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова права, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра. Студентите кои ќе го остварат правото, средствата ќе можат да ги користат за купување на добра и услуги кај сите трговци.

    Јавниот повик за оваа намена е објавен на следниот линк.