×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новата верзија на Мој ДДВ за поврат на повеќе пари треба да се ажурира

    24.03.2023 12:46 | KumanovoNews

    Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата Мој ДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица, Овој Закон е објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 на ден 23 март 2023 година.

    Новата верзија на Мој ДДВ за поврат на повеќе пари треба да се ажурира

    Ова значи дека сите корисници на Мој ДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Плејстор, Аппстор и Хуавеи апгалери.

    Измените веќе се  видливи во апликацијата Мој ДДВ во верзијата 2.1.6., наведува УЈП. 

    Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај. 

    Според УЈП, во моментов апликацијата Мој ДДВ ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте.

    Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се  вратени близу шест милијарди денари.