Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Македонија преку Министерството за транспорт и врски и ЖелезнициТранспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај.
Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот, бесплатен превоз на стари лица, жени над 62 години и мажи над 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела), бесплатен превоз за студенти секој четврток и бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници Транспорт АД-Скопје за 2022 година.