×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државната помош за инвестиции ги подобри производните капацитети на нашите компании, кажа Битиќи при посетата на Махагони

    23.03.2023 20:30 | Оливера Пешевска

    Ова година е исплатена рекордна финасиска подршка од 23 милиони евра државна помош на компаниите за зголемување на нивната конкурентност преку нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на нови работни места. Портфолиото на компании и нивните вложувања  веќе брои над 600 компании, изјави потпредседателот на Владата, Фатмир Битиќи при денешната посета на  кумановската фабрика „Махагони“.

    Државната помош за инвестиции ги подобри производните капацитети на нашите компании, кажа Битиќи при посетата на Махагони

    Махагони е специјализирана фабрика за дизајнирање и производство на висококвалитетен мебел од бука и храст, која успешно опстојува на пазарот веќе 28 години. Првиот договор за финасиска поддршка ја потпишала во 2021 година.

    „Во пост-ковид година, значи дека се охрабриле и инвестирале во развој во време на криза. Ја добија поддршката тогаш, ја добиваат и сега и така ќе продолжи. Владата ја поддржува ова компанија во нивниот втор инвестициски циклус, со втор договор со кој минималната инвестиција изнесува 17 милиони денари“, изјави потпредседателот на Владата Фатмир Битиќи, при денешната посета на погонот на кумановската фабрика.

     Финасиската поддршка била наменета за  вложувања во деловниот објект, опрема и машини со цел да се прошири и подобрат производните капацитети, нови производи со современ и подобрен квалитет, што  компанијата станала уште поконкурентна.

    „Менаџерот на фабриката Зоран го живее американскиот сон во нашата земја. Започнал со работа во гаража од 25 м2, за да денеска има фабрика од 3000 м2. Тоа е иднината која сакаме да ја претставиме на сите наши млади сограѓани“, потенцираше Битиќи.

    Махагони е извозно ориентирана компанија која 70% од производството го пласира на пазарите во Хрватска, Србија, Словенија, Германија и во Канада.

    Сопственикот Зоран Петровски, се заблагодари за државната помош која им е важна за унапредување на производниот процес.

    „Државната помош, на нашата компанија и значи многу особено во делот за унапредување на производствениот процес, туку и за набавка на современи машини и современа опрема, модернизирање на производството и заштеда на енергија„ изјави Петровски.