×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Суспендирани двајцата цариници кои биле на смена кога автобусот на „Беса транс“ излегол од државата

    25.11.2021 10:14 | Сузана Николиќ

    Суспендирани се двајца царински службеници кои биле на смена кога автобусот на „Беса транс“ што возел без лиценца за меѓународен превоз излегол од државата, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, соопшти Царинската управа по досега утврдените неправилности во постапувањето.

     

    Суспендирани двајцата цариници кои биле на смена кога автобусот на „Беса транс“ излегол од државата

    „Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.

    Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата за работа на фирмата „Беса транс“, во чиј автобус во несреќата во Бугарија загинаа 45 патници.