Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец.
Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што ја набавувале во јануари и февруари годинава.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека просечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата и трошоците што ги имале компаниите.
„Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производоството на јајца од државава особено од нашите соседи каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото произвдоство во соседните држави. Затоа дополнително освен за замрзнувањето на цената е донесена и одлука за ограничувањето на извозот, каде што 70 проценти од целокупниот пласман во јануари и февруари сите наши производидители да ги снабдуваат нашите ланци на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ и да нема зголемување на цената како притисок однадвор особено од државите во регионот“, рече Бектеши.
Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи.
(Фото: aрхива Кумановоњуз)