Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 15 април сите вработени во јавната администрација ќе ja добијат мартовската плата и никој нема да прими помалку од износот на минималната плата која е утврдена на 18.000 денари, изјави министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити.
„Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во парламентот и, според наши информации, на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа, Владата и министерството ја продолжуваат комуникацијата со нив. Подготвени сме да го направиме тоа, меѓутоа, на најдобар начин и во најдобар момент како за Владата, така и за државата“, рече на денешната прес-конференција Алити.