×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствените работници повторно на протест, бараат зголемување на платите

    30.03.2023 11:53 | Оливера Пешевска

    Здравствените работници од јавните установи денеска повторно излегуваат на протест, барајќи анексот на колективниот договор да го потпишат надлежните со што ќе добијат покачување на платите. 

    Здравствените работници повторно на протест, бараат зголемување на платите

    Денеска во пет до 12 часот пред зградата на Министерството за здравство најавен е вториот протест, по оној на 22 февруари на здравствените работници од целата држава.

    Организатори на протестот се гранковиот синдикат при ССМ и синдикатот на Клиничкиот центар.

    „Денеска дел јас и мои колеги ќе бидеме дел од протестот и ќе одиме во Скопје. Доколку не се исполнат барањата за повискои плати протестите ќе ги радикализираме, но се уште не е договорено во кој облик би се одвивале“, изјави Сузана Атанасовска, синдикален претставник на ЈЗУ Општа болница Куманово.

    Синдикалците се незадоволни од игнорантскиот однос на Министерството за здравство и на Фондот за здравство кои не одговараат на нивните барања за анекс на колективниот договор со кој се предвидува зголемување на месечните примања по 2.000 за лекарите до 3.000 денари за сестрите и другиот среден кадар, кои со покачувањето на минималната плата се изедначија со хигиеничарите.