Пак „падна“ семафорот кај „Жмара“
15.11.2022 11:59
| Сузана Николиќ
Повторно е оштетен еден од семафорите на раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пионерска“ во Куманово.
Не е познато како семафорот настрада, дали некој намерно го удрил или самиот се откачил и паднал. Нема траги дека е скршен од удар со возило.
Семафорот работи. Но, наместо на столб кутијата стои на земја и се држи на електричните жици.

Од СВР Куманово велат, дека кај нив нема пријава за сообраќајна незгода ниту за насилно однесување и кршење на семафорот. Тие случајот го пријавиле во Општина Куманово, која е надлежана за одржување на вертикалната сигнализација во градот.

Стана редовна пракса овој семафор да се уништува. Беше поправен пред само неколку месеци откако во мај беше скршен во сообраќајка.

