×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инхалацијата на пареа не штити од заразување со коронавирусот и не лечи ковид-19

    09.12.2021 08:17 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус. Напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за коронавируси, кој претседава со одделот за биолошки науки на „Универзитетот Тексас А&М“, вели дека белите дробови се нежни, а ако пареата е многу жешка, тоа не е добра комбинација. Ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), ниту Светската здравствена организација (СЗО) не сугерираат терапија со пареа со која било состојка како лек за коронавирусот

    Инхалацијата на пареа не штити од заразување со коронавирусот и не лечи ковид-19 Фото: pixabay.com

    Преку објава на Фејсбук објава споделен е медиумски напис во којшто хрватски доктор оториноларинголог тврди дека со инхалација трипати на ден може да се спречи заразување со коронавирус. Притоа, тој нуди рецепт, за којшто тврди дека е ефикасен при заштита од ковид-19.

    Во постот се вели:

    Рецепт од Доктор за Уво-нос-грло; Врела вода со Морска сол и Јаболков оцет, додавам и 7-8 капки етерично масло од сладок пелин (Artemiissia annua)… ИНХАЛАЦИЈА ПОД ПЕШКИР !!!

    Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус, напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија.

    Сè уште не постојат никакви научни докази кои промовираат инхалација на какви било материи може да ја „избркаат“ короната, ниту да ја намалат репликацијата на вирусот. Меѓутоа, она што може да се случи со инхалации на неодобрени материи е да се предизвикаат алергиски реакции, а високата температура може да предизвика изгореници на почетните делови на респираторниот систем, вели Сапунџија.

    д-р Џејсон Мекнајт, асистент на Одделот за примарна нега и здравје на населението при тексашкиот универзитет A&M, во изјава за Сервисот за проверка на факти на агенцијата „Франс Прес“ вели дека „вдишувањето на пареа нема да ја излечи инфекцијата со коронавирусот и тој третман може да предизвика сериозни и долгорочни компликации“.

    Луѓето сметаат дека вдишувањето на пареа за време на која било респираторна болест помага за симптомите што ги имаат, како кашлица, затнат нос и отежнато дишење. Меѓутоа, ова е само симптоматско олеснување и не лечи вирусна инфекција. Освен тоа, имате потенцијал да си нанесете вистинска штета со изгореници од врелата водена пареа на очите, лицето и дишните патишта, кои, ако се големи, може да предизвикаат сериозни и долгорочни компликации, вели Мекнајт.

    Д-р Бенџамин Нојман, експерт за коронавируси, кој претседава со одделот за биолошки науки на „Универзитетот Тексас А&М“, вели дека белите дробови се нежни, а ако пареата е многу жешк,а тоа не е  добра комбинација.

    Топлата пареа може и ги оштетува белите дробови, а идејата дека може да се бори против вирусот, кој, исто така, ги оштетува белите дробови, е навистина лош совет, вели тој.

    Изложувањето на вода од 60 степени во траење од само 3 секунди, може да доведе до изгореници на кожата, кои би биле доволно сериозни за операција, тврдат од Американското здружение за изгореници:

    Топлата вода ќе ја изгори кожата на температури многу пониски од точката на вриење (212°F/100°C). Всушност, потребни се само 3 секунди изложеност на 140°F/60°C топлина на вода за да предизвика изгореници доволно сериозни за да биде потребна операција. Затоа, поставете ги бојлерите на 120°F/48°C или веднаш под средната поставка. Безбедна температура е 37 целзиусови степени.

    Ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), ниту Светската здравствена организација (СЗО) не сугерираат терапија со пареа со која било состојка како лек за коронавирусот.

    Светската здравствена организација нагласува дека најефикасните превентивни мерки кои спречуваат заразување со коронавирусот вклучуваат:

    Доктор Сапунџија вели дека во овој момент почитувањето на превентивните мерки е единствениот рецепт за спречување на ковид-19 и потсетува дека треба да се самоизолираат сите оние кои имаат симптоми или позитивен тест за ковид-19.

    Во изминатиот период од две години докторите неуморно се борат да докажат дека почитување на превентивните мерки се единствениот начин за справување со пандемијата. Вакви објави кои не се научно докажани трудови, само би направиле регресија на се она што до сега е постигнато. Од досегашното мое искуство со ковид-19 имам впечаток дека луѓето сакаат да го изберат „полесниот начин“ а со тоа предизвикуваат поголема штета како врз своето здравје така и врз здравјето на околината, додава таа.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар