×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дебата: Реформите во медиумскиот сектор треба да се континуитет, а не процес тргни-застани

    22.11.2021 08:31 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Нема исполнување на реформскиот процес во медиумскиот сектор доколку нема доследност во политичката волја за спроведување на тој процес, беше заеднички заклучок од дебатата што ја одржа Фондацијата „Метаморфозис“, по презентацијата на Извештајот од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите

    Дебата: Реформите во медиумскиот сектор треба да се континуитет, а не процес тргни-застани

    Средната оценка 3 на скалата од 1 до 5, може да се придвижи кон 2, доколку продолжи стагнацијата во реформскиот процес во медиумскиот сектор. Вака парафразирано се изрази еден од учесниците во дебатата во која се разговараше за сите сегменти важни за работењето на медиумите во РСМ, на која учествуваа претставници на национални и регионални медиуми (МРТ, МИА, ТВ ВИС, Порталб, МЕТА, Вистиномер…), претставници на Агенцијата за медиуми АВМУ, на новинарските здруженија ЗНМ, ССНМ, СЕММ и на МИМ, на граѓанските организации „Метаморфозис“ и ЦРМ и други.

     

     

    Потврдени наодите на „Метаморфозис“

    Дебатата што се одржа онлајн беше организирана по повод презентацијата на Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема.

    Учесниците во дебатата ги потврдија наодите на Извештајот и расправаа за поважните сегменти: безбедноста на новинарите, употребата на јавни пари во приватни медиуми преку два сегмента – платеното политичко рекламирање и неисполнувањето во целост на законската обврска за финансирање на радиодифузниот сектор во целина, при што се погодени сите корисници на тие пари МРТ, АВМУ и МРД, недоволната поддршка на новинската агенција МИА, за саморегулацијата како процес, кој заедно со Регистерот на онлајн медиуми го води Советот за етика на медиумите во Македонија (и ЗНМ), како и за прашањето дали на државата ѝ треба национална стратегија за развој на медиумскиот пазар или пак е доволна Стратегијата за радиодифузниот пазар што ја има и е обврска на регулаторот АВМУ.

     

     

    Што треба да се стори?

    Неколку клучни точки беа потенцирани од речиси сите учесници во дебатата:

    Извештајот и дебатата беа дел од активностите на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година.

    Целата дебата може да се погледне ТУКА:

    Извештајот за реформите во медиумскиот сектор може да се погледне ТУКА

     

    Теофил Блажевски

     

    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар