×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите

    18.10.2021 20:43 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн. Исто така, страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите, туку е лажна. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во РС Македонија и таа не е онаа од која се споделуваат лажните повици за наводна наградна игра

    Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите Фото: Принтскрин ФБ пост

    Рецензираме пост на Фејсбук што е исклучително вирален, односно споделен над 110 пати, а во којшто е изнесена лажна информација. Постот, всушност, е споделен и од лажна фан-страница на ДМ дрогериите во Македонија и во него се тврди:

    ПОВТОРНО КОНКУРС !!
    Денес, нашата продавница по случаен избор подели 300 ваучери за пазарење.
     Изберете ја првата буква од вашето име, а потоа споделете ја оваа објава.
    Mеѓутоа, овој пост претставува само манипулаторски трик за зголемување на досегот на опфат на страницата којашто е лажна и не е официјалната страница на ДМ дрогериите во земјава.  Од истиот профил, претходно беше споделена објава дека наводно ДМ маркетите доделуваат 100 до 500 ваучери за купување, за корисници на социјалната мрежа кои ќе го споделат постот и во коментар ќе ја напишат првата буква од нивното име. Овој пост беше избришан откако од официјалната страница на ДМ маркетите, беше демантирано дека се организира  каква било наградна игра. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во Република Северна Македонија и таа не е онаа од која се споделуваат лажните повици за наводна наградна игра.
    Драги наши, би сакале да ве известиме дека се појави ЛАЖНА страна на Фејсбук која се претставува во наше име, а воедно има објавено наградна игра која НЕ ја организираме ние. Ве замолуваме да бидете внимателни и да не споделувате никакви лични податоци. Ова е единствената официјална страна на dm во нашата земја. Ви благодариме на разбирањето, апелираа од компанијата.
    Лажната наградна игра, се појави во исто време со уште неколку лажни страници од кои имаше конкурси за наградни игри. На пример, истиот ден се појави и лажна Фејсбук страница на Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски. На оваа лажна Фејсбук страница, се тврдеше дека првата дама доделува пари по случаен избор, иако тоа не е точно и нејзиното име и фотографија беа злоупотребени со лажна наградна игра.
     
    Поради тоа што ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн, а и со оглед на тоа што страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите туку е лажна, постот го оценуваме како невистинит.
     

     

     

     

     

     

     

     


    Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар