Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите љубители на планината и адреналинското возење имаат можност да бидат дел од годинашната авантура низ Осоговието, во рамките на Офф - роад релито што се одржува овој викенд, односно на 20 и 21 август 2022 година, во организација на Општина Крива Паланка и Здружението Офф-роад „Екстрим“.
„Крива Паланка нуди одлични можности за адреналински и алтернативни спортови, а ова рели ве носи низ убавините на прекрасните планински предели. Џип-релито низ Осоговските Планини е авантура на четири тркала што треба да се доживее и почувствува, да се ужива во прекрасниот чист планински воздух и пејзажите на недопрената природа. Ги покануваме сите, кои се за едно несекојдневно доживување, овој викенд да бидат дел од најновото Офф-роад рели, посочува градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Првиот ден се минуваше низ маалото Дивјанци, селата: Осиче, Гарваница, Добровница, Трново, Узем, Тораница, преку Царев Врв до езерцето на Калин Камен, каде ќе се кампува со шатори и со организирана забава, информираат од Офф-роад “Екстрим”, Крива Паланка.
За вториот ден е предвидена кружна временска трка во повеќе категории со вредни награди од спонзорите и поддржувачите.
Релито, се организира веќе една деценија и секоја година учествуваат околу 500 љубители на природата и теренско возење, со над 250 возила со џипови, мотори, 4х4 возила.
(фото.krivapalanaka.gov.mk)