Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка го креираше буџетот за 2023 година со широко партиципативно учество на граѓаните , кои активно беа вклучени во подготвувањето на оперативните програми за идната година. Буџетот , освен што е граѓански, ќе биде и родово одговорен со индикатори за родова застапеност во сите општински програми.
Подготовката на буџетот со учество на граѓаните се реализираше преку родово одговорен буџетски форум на кој се даваа предлози и се направи приоретизација за вкупно 13 оперативни буџетски програми.
„Од страна на граѓаните беа дадени вкупно 88 предлози, од кои 3 предлога не се во надлежност на општината, а 6 предлога се повторуваа од повеќето работни групи. Од останатите 79 предлога, општината прифати 48 издржани и реални проекти или 68 отсто од граѓанските предлози, кои беа приоретизирани од страна на форумот“, истакна модераторката Лидија Митовска.
Граѓаните покажаа голем интерес за активно учетво во креирањето на општинскиот буџет и преку своите предлози ги посочија клучните граѓанските приоритети за кои побараа да станат дел од програмите на општината.
На сите овие форумски сесии транспарентно, одговорно и посветено беа разгледани, детално и стратешките развојни приоритети на општината и низ процесот на предлагање ваши сугестии и конкретни чекори и активности, а денес успешно го заокруживме реализираниот буџетски форум, кој креира буџет, кој стремиме да одговори токму на вашите потреби.
„Граѓанското учество во форумот и придонесот кон заедничкото креирање на општинскиот буџет за 2023 година е многу значајно, зашто низ форумскиот процес сите заедно креираме буџет по мерка на граѓаните, кој е прилагоден на потребите на сите жители на Крива Паланка, на сите возрасни групи лица и пред сѐ, е родово -одговорен буџет. Препораките и предлозите што ги достави форумот до мене како градоначалник и до општината, ќе бидат земени предвид и ќе работиме на изнаоѓање начини за нивно решавање и реализација, односно во интерес на граѓаните “, порача градоначалникот Сашко Митовски.
Истовремено, општината имаше достапен и онлајн формулар за доставуваење предлози за да им се даде можност и на жителите од поодалечените рурални населби да се вклучат во партиципативниот модел на креирање на општинскиот буџет. преку оваа алаткаа собрани се дополнителни 16 граѓански предлози.
На крајот од идната 2023 година предвидена е петта (последователна) сесија, на која општината треба да даде отчет за реализација на граѓанските предлози и приоритети, произлезени од форумскиот процес.